ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украина и Русија го прошируваат бојното поле, војната стигна и на руска територија

August 7, 2023 15:21
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Украински беспилотно летало погоди руски нафтен танкер рано утрото во саботата во близина на источниот брег на Крим окупиран од Русија, еден ден откако украинско беспилотно летало погоди десантен воен брод во руската поморска база Новоросиск на Црното Море.

Нападите, кои се најсериозни врз руската морнарица од минатата година – се совпаднаа со новата директива од поморската управа на Украина која предупредува дека шест руски пристаништа на Црното Море ќе се сметаат за области со „ризична војна“ до понатамошно известување, пренесува Њу Јорк Тајмс.

Војната се враќа дома во Русија

Нападите надвор од воспоставените боишта доаѓаат додека руската војска масивно и непрекинато напаѓа цивилни цели во Украина со ракети и беспилотни летала, а Украина продолжува со контраофанзивата што ја започна на југ и исток пред околу два месеци.

Сега се води дебата за тоа дали Украина смее и како да напаѓа цели во Русија. Повод за тоа беше изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека војната постепено се враќа во Русија по серијата напади од  беспилотни летала врз главниот град на Руската Федерација, каде што била оштетена зградата до Министерството за одбрана, додека друг дрон удрил во деловниот центар Лерој Мерлин, и во последниот напад беа  погодени облакодери во богатиот московски кварт, а украинските морски беспилотни пловила нападнаа клучно руско пристаниште на Црното Море, оштетувајќи еден руски десантен брод по серијата напади во Русија, откако Кијив вети дека ќе ја врати борбата дома во Кремљ.

Украина има право да се брани, вклучително и воени напади на руска територија

Според меѓународното право, нападната држава има неприкосновено право да се брани, но, западните сојузници кои ја поддржуваат Украина, бараат од неа за противнапади на територија на агресорска Русија да го користи само своето оружје.

„Во дадени околности, кога постои руски напад преку граница, Украина има право да се брани. Ова право вклучува и воени напади на руска територија за да се одврати, спречи или запре актот на агресија“, објаснува американскиот професор по право и бивш дипломат Давид Шефер, кој предава на Универзитетот Аризона во државата Вашингтон, пренесува Дојче Веле.

Овие напади исто така можат да се одвиваат длабоко во позадината и не се ограничени на непосредна линија на фронтот. Но, напади врз цивилно население не се дозволени. Со меѓународното право се покриени и напади врз територијата под руска окупација, како што е полуостровот Крим, кој правно ѝ припаѓа на Украина, исто како и врз бродовите на руската воена морнарица во Црно Море.

Со кое оружје Украина смее да напаѓа цели во Русија?

Во принцип, допуштена е употреба на сите соодветни оружја, дронови, ракети, авиони, крстосувачки проектили. Меѓутоа, постојат политички договори меѓу украинското раководство и сојузничките држави, да не се користи оружје од западно производство за напади длабоко во позадината. Членките на НАТО стравуваат дека Русија тоа би можела да го искористи како изговор за натамошна ескалација на војната.

Шефот на американскиот генералштаб Марк Мили во мај изјави дека постои јасен договор оти американско оружје нема да биде користено на руска територија.

„Ова е украинска војна. Тоа не е војна меѓу САД и Русија. Не е војна меѓу НАТО и Русија, ова е војна меѓу Русија и Украина. Ние поддржуваме и опремуваме, помагаме, советуваме и обучуваме. Но, ова не е наша директна војна со Русија.“

1 милијарда долари во домашно производство на беспилотни летала

Украина вети дека нема да користи оружје доставено од Запад на руска територија. Ефектот на домашното производство беше зголемување на нападите во Русија. Видео-анализата на Тајмс за таквите напади со беспилотни летала покажа дека Украина лансирала двојно повеќе беспилотни летала камикази во Русија помеѓу мај и јули отколку во цела 2022 година.

Како што објави Анадолу, Украина кон крајот на Јули ги објави плановите да инвестира 40 милијарди украински гривни (околу 1 милијарда долари) во домашно производство на беспилотни летала оваа година.

„Ги елиминиравме царинските бариери за увоз на резервни делови и комплетни комплети. Уделот во профитот на производителите на UAV (беспилотни летала) е зголемен на 25%, а донесена е одлука која ќе го олесни масовното производство на муниција за беспилотни летала, вели во изјавата на Фејсбук премиерот Денис Шмихал.

Драган Мишев / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: беспилотни леталаруска агресија врз УкраинаУкраинацели во Русија

НАЈНОВО

Во тек е снимањето на три долгометражни играни филмови поддржани од Агенцијата за филм

July 2, 2025

Обвинителниот акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ доставен до Основен кривичен суд Скопје

July 2, 2025
Фото: Скриншот од видео

Хамас соопшти дека е подготвен за прекин на огнот, само доколку тоа води до целосен крај на војната во Газа.

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk