ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Потпишани се нови 289 договори по Законот за финансиска поддршка на инвестиции за 366 милиони евра инвестиции на компаниите

August 8, 2023 13:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Спроведувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестициите е трансформативна сила која отвори нови хоризонти за одржлив раст и развој на нашата економија, преку партнерски и инклузивен пристап на економските политики на Владата, соопштуваат од Владата.

Оттаму истакнуваат дека „Владата, преку своите политики постојано ја подига довербата на деловните субјекти во институциите и нашите економски политики која од година во година се зголемува, со што расте и бројот на потпишани договори за финансиска поддршка на компаниите кои се осмелуваат да влезат во нови инвестициски циклуси“.

„За оваа 2023 година пристигнаа рекордни 427 апликации за нови инвестициски проекти, додека одобрени, или потпишани се нови 289 договори, со компании кои предвидуваат инвестиции од 366 милиони евра и ќе се креираат нови 4.439 работни места. Поддржаните компании од новиот циклус се од прехранбено преработувачка индустрија, вкупно 63 компании, од метало-преработувачка индустрија – 73 компании, ИКТ индустрија – 21 компании, Дрвната индустрија и производство на мебел вкупно 87 компании, фармацевтската индустрија – 20 компании и, текстилно-кожарска преработувачка индустрија вкупно 25 компании кои според проекциите ќе отворат нови 4.439 работни места.

Со ова, портфолиото на договори за финансиска поддршка на инвестиците се зголемува на вкупно 919 договори, од кои 204 се завршени, и ова зборува дека Владата на Република Северна Македонија преку поттикнувачки и конзистентни политики и мерки успешно создава деловен амбиент кој е стабилен, предвидлив и стимулативен за компаниите.

Една од целите на ЗФПИ е и поттикнувањето на рамномерниот регионален развој, за што поголем процент на поддршка да добиваат компаниите кои имаат инвестирано во помалку развиените плански региони. И оваа година компаниите со кои се потпишани договорите за финансиска поддршка се низ целата држава, во сите плански региони: Вардарски регион, 17 компании (6%), Пелагониски регион, 32 компании (11%), Источен регион, 42 компании (15%), Полошки регион, 40 компании (14%), Југоисточен регион, 44 компании (15%), Североисточен регион, 8 компании (3%), Југозападен регион, 18 компании (6%) и Скопски регион, 88 компании (30%)“, се наведува во соопштението.

Вицепремиерот Битиќи порачува дека Владата ќе продолжи и во иднина да ги помага компаниите кои имаат значителен импакт на локалниот економски развој, и кои инвестираат во подобрување на нивната конкурентност, нивните продукти и воведуваат нови производствени линии, создавајќи солидно платени работни места и производи со повисока додадена вредност.

Tags: Битиќифинансиска поддршка
Next Post

Полицијата го пронајде и го врати чамецот со двајцата малолетници кој неконтролирано се оддалечил од брегот на Охридското Езеро

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk