ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Единаесет лица контакти на хоспитализираната вработена на Инфективна под 14 дневен надзор

August 8, 2023 14:13
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Единаесет лица контакти на хоспитализираната вработена на Инфективна се ставени под 14 дневен надзор, откако кај неа беше констатирана конго-кримска хеморагична треска, информираше денеска Рената Младеновска, директор на Државен санитарен и здравствен инспекторат.

– По добиена информација од страна на Институтот за јавно здравје, веднаш истиот ден на петти август, екипа на епидемиолози од Центар за јавно здравје – Скопје изврши епидемиолошки увид, земени се анкети и контакти. Информацијата е споделена со ДСЗИ и ние како институција издадовме уште 11 решенија, односно тоа се контакти на веќе хоспитализираната пациентка која што е и вработена на Клиниката за инфективни болести. Тие 11 контакти ќе бидат под 14-дневен здравствен надзор, соопшти  Младеновска.

Таа појасни што подразбира здравствениот надзор.

– Пациентката односно контактите ќе треба да се јавуваат и да бидат во постојан контакт со дежурниот епидемиолог од Центар за јавно здравје – Скопје, да бидат, тоа не е изолација класична, меѓутоа не треба да имаат контакт со останатите – дали е потесното семејство, едноставно да издржат овие 14 дена да не се прошири оваа зараза и јас се надевам дека ова ќе биде и последниот случај.  Што се однесува до претходните 29 контакти, од тие 29 контакти една се потврди како случај, вкупно имаме здравствен надзор, издадено решенија за 40 луѓе, рече Младеновска.

Запрашана дали овие 11 се сите од Инфективна или од семејството, појасни дека  од овие 11, десет луѓе се од потесното семејство на пациентката и еден контакт е колешка нејзина исто така од Клиниката за инфективни болести.

Претходно, претседателот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ рече за МИА дека Комисијата апсолутно стои зад сето тоа што е направено од страна на Институтот за јавно здравје, мерките што се преземаат и препораките што се даваат, нагласи тој.

Oд она што го виделе, како што додаде тој, првиот случај е случај на директно заразување, а вториот е веројатно на пренесување преку контаминирана крв.

Во првиот случај со директно заразување, почина 27 годишна пациентка, по инфекција со каснување од крлеж.

Поврзано:

Мехмедовиќ: Без паника, не очекуваме повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина

Tags: Конго-кримска хеморагична трескаРената Младеновскасостојба
Next Post

Европа мора да ја предводи реконструкцијата на Украина

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk