ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Реакција на директорот на Агенција за филм на објавата на Венецискиот филмски фестивал

August 8, 2023 13:47
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

По објавата на Венецискиот филмски фестивал во која се изразува поддршка кон режисерот Милчо Манчевски за како што велат „политички прогон“, писмо со реакција кон директорот Барбера и челните луѓе на Здруженијата на филмски професионалци во Италија, испрати директорот на Агенцијата за филм на РСМ, во кое изразува жалење за заблудата во која се доведени и како што се вели во писмото без да ги знаат  фактите и вистината и што на овој начин дополнително се прави притисок на јавноста и институциите во нашата држава.

Писмото потпишано од директорот на АФРСМ Бојан Чазаревски ви го пренесуваме во целост:

„Почитуван господине Алберто Барбера, директор на Венецискиот филмски фестивал, почитувани Франческо Раниери Мартиноти претседател на „АНАК-Аутори“ (ANAC-Autori) и Франческа Коменини претседателка на на „Ченто Аутори“ (Cento Autori),

Изразуваме огромно жалење што вие како први луѓе на филмскиот фестивал во Венеција и филмските професионалци во Италија сте доведени во заблуда, без да ги знаете фактите и вистината и што на овој начин дополнително правите притисок на јавноста и институциите во нашата држава.

Во конкретниот случај за кој реагирате, не станува збор за никаков прогон на автор (режисер и сценарист), туку станува збор за истраги и постапки за правен субјект во сопственост на господинот Милчо Манчевски, односно правни постапки за расчистување на финансиски злоупотреби,  недоставување на финансиски извештаи за потрошени 900.000 евра, како и низа други индиции.

Институцијата која ја споменувате, Агенцијата за филм на РСМ веќе 14 години нема одбиено ниту едно барање за финансиска поддршка на режисерот Манчевски. Актуелното раководство во последниве 5 години на истоимениот режисер му има одобрено средства во висина од 2,3 милиони евра.

Искрено се надеваме дека ќе го увидите овој пропуст, ќе ја разберете нашата реакција и во интерес на правдата и Законот ќе го повлечете писмото со што без дополнителен надворешен притисок ќе се даде простор на независните институции на нашата држава, која е аспирант за членство во Европска унија, да ги утврдат спорните факти и да донесат соодветни правни одлуки.

Како прв човек на Агенцијата за филм на РСМ, уште еднаш сакам да повторам дека РСМ не врши никаков политички или каков било друг притисок врз Манчевски, ниту пак има вакви постапки за било кој друг автор.

Убеден сум дека и вие сте на страната на правдата и законот, кога станува збор за финансирање и трошење на средствата од јавните фондови за поддршка на филмската уметност.“

Tags: Агенција за филм
Next Post
Повеќенеделни антируски окупациски протести во Тбилиси во летото 2019 година, кои следеа по посетата на рускиот пратеник Сергеј Гаврилов во главниот град на Грузија. Фото: Еана Корбезашвил

15 години од руската вооружена агресија во Грузија: Не е само Украина, Русија окупира територии и во други пост-советски земји во Европа

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk