По вториот руски напад врз Покровск во регионот Доњецк, на 7 август, бројот на повредени полицајци се зголеми на 31.
„Имаме 31 повреден полицаец како резултат на вчерашниот напад на градот Покровск во Доњецката област“, објави на Фејсбук началникот на националната полиција Иван Вихивски, пренесува Укринформ.
Тој истакна дека се повредени и седуммина вработени во Државната служба за вонредни состојби, а загинал Андриј Омелченко, заменик-началникот на главниот оддел на Државната служба за вонредни состојби во регионот Доњецк.
Началникот на Националната полиција им изрази сочувство на роднините на починатиот.
„Сите отидоа таму каде што требаше, за да ги спасат луѓето по првиот удар. Тие знаеја дека има жртви под урнатините – мораа да реагираат, да го расчистат патот, да ги извлечат, да ги спасат. И непријателот започна втор напад“, нагласи Вихивски.
Тој им се заблагодари на сите полицајци за услугата, а на повредените органи на прогонот и спасувачите им посака брзо закрепнување.
На 7 август руската армија истрелала проектили врз градот Покровск, регионот Доњецк, погодувајќи станбена висококатница.
Седум лица загинаа како резултат на непријателскиот напад. Заклучно со утрото на 8 август пријавени се 67 повредени, од кои 29 полицајци, седуммина спасувачи и две деца.
Подготви: Ј. Ѓ.