ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Камчев и ВМРО-ДПМНЕ во гобленот „Бугарска врска“

August 9, 2023 11:37
in PMD, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Зоран БОЈАРОВСКИ

Неодамна бугарските медиуми укажаа на одредени врски на биснисменот Орце Камчев со високи бугарски политички претставници, некогашните министри за надворешни работи и за одбрама Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов, кои во 2018 достaвија предлог до македонската влада бизнисменот да биде прогласен за почесен конзул. Предлогот беше одбиен зашто тогашната Влада и премиерот Зоран Заев укажаа дека против Камчев се покренати повеќе истраги.

Ова Бугарската јавност го оцени како петно на бугарската надворешна политика имајќи го предвид најновиот развој на настаните со кои Камчев се најде на црната листа на САД, а во нашата земја се постави како прашање дали овој „случај“ во Бугарија може да се пренесе и во Македонија ако се има предвид дека Камчев бил еден од финансиерите не ВМРО-ДПМНЕ.

Одговор на ова прашање побаравме од аналитичарот Петар Арсовски.

Случајот секако е тесно поврзан со македонската домашна политика, а не само со бугарската надворешна политика. Имајќи ги предвид наводите за поврзаност со политички партии, таквата спрега, ако се докаже, ќе има значително влијание врз домашната политика, но и на односот на маѓународната заедница кон политичките партии кои би биле вмешани во евентуални незаконски дејства, или пак дејствувале во спрега со надворешни фактори.  Сепак, за такви сериозни тврдења, потребни се и сериозни докази – на нашите домашни институции останува обврската тоа да се истражи и евентуално документира соодветно, изјави за Рацин.мк аналитичарот Арсовски.

Дополнителната анализа секако би отворила дополнителни заклучоци доколку индициите за конекциите во овој случај, ако се има предид дека најлгасните заговорници на блокадата на Македонија во евроинтеграцискиот процес (Захариева и Каракачанов) биле во спрега со ВМРО-ДПМНЕ која негува антибугарска идеологија и ја блокира интеграцијата меѓу двете земји. Уште повеќе ако се знае, според признанијата на Мицкоски, дека Камчев финансиски ја поддржувал оваа партија.

Ова изгледа контрадикторно, но поттикнувањето на радикализацијата на двете страни им оди во прилог на оние што не сакаат сега да се решат македонско-бугарскте односи.

Нашиот соговорник Арсовски вели дека „не е голема тајна дека Камчев ја помагал ВМРО ДПМНЕ“.

Дел од предметите на тогашното СЈО, впрочем, беа за тоа.  И не е забрането да се поддржува некоја партија, под услов тоа да се прави законски, и по соодветните канали.  Проблемот е дали со таквата поддршка Камчев влијаел (во овој случај во насока на бугарските интереси) на политиките на партијата. Во моментов за тоа постојат само шпекулации – ако тоа се докаже, тоа би имало далекусежни последици за целата политичка сцена, укажува Арсовски.

Очигледно е дека финансирањето на политичките партии или високи политички лидери на двете од страна на корумпираните бизнис елити од лукративни или политички мотиви како нус појава, има сериозен потенцијал да ги нарушува односите меѓу двете земји, во овој случај меѓу Бугарија и Македонија. Тоа  беше и еден од мотивите на Вашингтон да укаже, предупреди и санкционира актери на вакви коруптивни дејствија заради безбедносните аспекти во регионот и заради заканите и блокадата на процесите кои што во интерес на стратешките партнери на земјите од регионот (САД и ЕУ).

Целиот регион е особено подложен на бизнис-политичко-партиски влијанија, и тоа надворешните земји кои имат интерес за дестабилизиација на Балканот секако добро го знаат и беспоштедно го користат.  Сепак, проблемот е во недостатокот на капацитет на домашните институции да се спротистават на оваа пракса.  Перманентната политичка криза ги девастира овие капацитети.  Се додека не ги одвоиме овие служби од дневна политика, ние сме осудени да бидеме „гоблен“ за надворешни влијанија, истакна во кусиот разговор за Рацин.мк аналитичарот на политичките процеси во земјата и регионот Петар Арсовски.

Преземено: Рацин.мк

Tags: ВМРО-ДПМНЕзахариеваКамчевКаракачановМицкоскиФактор.бг
Next Post
Sebastien Bozon/AFP/Getty Images

Единаесет лица се водат како исчезнати во пожар во Франција

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk