ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги злоупотребува пензионерите, како во времето на груевизмот

August 11, 2023 15:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Борбата со инфлацијата во исклучително тежок момент оди добро, платите растат побрзо од скокот на цените, а пензијата е пред редовно, уште едно усогласување во септември. Бидејќи акциите против „енормниот скок на струјата“ пропадна како редовна бунтовничка активност на теренот две години по ред, организирани од страна на опозицијата, се одеше на епизодата – храната е скапа, пишува Љубомир Костовски во анализата за ЦИВИЛ Медиа објавена денеска, под наслов „Пензиите како политичка вијагра на груевизмот“.

Како одговор на прашањето дали и каква е партиската позадина на протестите на дел од пензионерите и во прилог на споменатата анализа, говорат и фотографиите на социјалните мрежи и снимките во медиумите. Имено, во првите редови на протестите може да се забележат членови на ВМРО-ДПМНЕ. За што се работи?

Тие се против постигнатиот договор меѓу Владата и Сојузот на пензионери за новата методологија за покачување на пензиите. Впрочем, како и во повеќе други области, така и овде, се бележи тенденција на опозициското ВМРО-ДПМНЕ, да протестира токму против успешните политики на владата, како што е случајот со пензиите, како што оценува аналитичарот Костовски.

Конкретен пример за партиската позадина на протестите на пензионерите, се и оние одржани во Прилеп. Медиумите споделија фотографии од настанот, а на нив може да се забележат и членови на партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ. Доволно е да се споредат Фејсбук профилите со фотографиите од настаните и ќе се извлече заклучокот дека партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ се организатори на протестите на дел од пензионерите.

Едноставно, ВМРО-ДПМНЕ оваа партија продолжува да ги манипулира пензионерите, исто како во времето на груевизмот.

Протестите започнаа со барањето за линеарно покачување од 3.500 денари на пензиите, иако со новата методологија, актуелна методологија, пензионерите добија повисоки пензии за околу 21 отсто за само година и пол.

Според Министерството за труд и социјална политика, актуелната методологија за порамнување на пензиите обезбедува историски најголем и континуиран раст на пензиите, а протестите не се решение.

Како што е познато, според новата новата методологија, во септември 2022 година порастот беше 6,8 отсто, во март оваа година 8,4 отсто. Според моменталната проекција за септември 2023 година, се најавува раст за најмалку  6 отсто.

Д. Е.

Tags: ВМРО-ДПМНЕпензионериПрилеппротест
Next Post

Рашиќ: Приштина наскоро ќе ја укине забраната за увоз од Србија

НАЈНОВО

куче

Во Италија има повеќе миленици отколку новороденчиња – демографската криза станува алармантна

November 15, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

November 15, 2025

Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk