Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Не сите, ама грото од највлијателните македонски национални ТВ запнале земјава да НЕ ги почне ЕУ преговорите под, нели, овие „бугарски” околности и, добро, еве ќе крахира владината иницијатива тоа да се случи и галиба тоа и ќе се случи па главните уредници и редакциските уредници ќе крикнат од восхит што “мисисијата” ете им успеала и …, и ништо де, ќе минат година, две, не две, тоа ќе е премногу време, најмногу само година, за да им светне дека со своите сегашни медиумски позици и уредувачки политики, свесно или несвесно, сакајќи или несакајќи, сеедно, а сето сублимирано само во оваа една реченица, со нивната креирана медиумска антиинтеграциска еуфорија, практично ги превиделе перспективите на Македонија и дека им ги затвориле и можностите и на своите деца, но …, е после не вреди тоа „но”, туку, тогаш, одговорите на тоа „но” ќе треба секој од актерите да си ги побара кај себе зашто отпосле ништо не ќе вредат ниту тоа „но” ниту тоа „ама”!
Извор: ЦивилМедиа