„Го поздравив поднесувањето на уставните амандмани од Владата на премиерот Ковачевски во Парламентот. Се надевам дека сите страни ќе ги поддржат, да се придвижи Северна Македонија напред на европскиот пат“, во објава на Твитер, истакна претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по средбата со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.
Good exchange with PM @DKovachevski.
I welcomed his government’s tabling of the Constitutional amendments in Parliament. I hope all parties will support it, to move forward on North Macedonia’s European path.
North Macedonia belongs in the EU. pic.twitter.com/pH2LMcjZCO
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) August 21, 2023
Северна Македонија припаѓа во ЕУ, нагласи Фон дер Лајен.
Премиерот Димитар Ковачевски во објава на Фејсбук, истакна дека заложбата на ЕУ за евроинтегративниот процес на Северна Македонија сега е најсилна.
Тој нагласи дека со „претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен во Атина говоревме дека Северна Македонија оваа единствена шанса, која е поддржана и од меѓународната заедница, не смее да ја пропушти. Шансата за европска иднина, за отворен европски пазар, за европски фондови, за фундаментални реформи сега е во наши раце и тоа не смееме како држава да го пропуштиме“.
На неформалниот состанок во Атина на лидерите на Европската унија со претставниците на земјите од Западен Балкан, Украина и Молдавија, беше заклучено дека е неопходно да се заокружи визијата за ЕУ збогатена од Западен Балкан, Украина и Молдавија.
Во Заедничката декларација се наведува дека на неформалниот состанок во Атина била подвлечена потребата од обновен и рефокусиран процес на проширување што е опиплив и веродостоен, без кратенки до воспоставените услови, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на грчката влада.
Ј. Ѓ.
Поврзано: