ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Обвинителството поведе постапка за насилство кон новинарската екипа на ТВ Алсат

August 22, 2023 15:45
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лицето кое вчера ја нападна новинарската екипа на ТВ Алсат во Скопската чаршија.

Како што информираат од Обвинителството, лицето е осомничено дека сторило кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот 53-годишник, на 21 август, во Старата скопска чаршија, најпрвин упатил закани и навреди, а потоа и физички нападнал новинарска екипа на Телевизија Алсат-М. Со тупаници го удрил снимателот по главата и телото, а кај двете новинарки предизвикал чувство на вознемиреност и страв. Во насока на целосно расчистување и документирање на настанот, по наредба на јавен обвинител, обезбедени се снимки од видео надзор од околните објекти, стои во соопштението од ЈО.

Дополнуваат дека јавен обвинител до судијата на претходна постапка ќе достави предлог за определување мерки на претпазливост – привремено одземање на патната исправа на осомниченото лице, како и забрана за остварување контакти со сведоците и со оштетениот.

ТВ Алсат вчера објави дека нивната екипа била нападната додека била на должност. Станува збор за новинарките Ера Ѓакова и Сара Хоџа кои заедно со снимателот биле на терен.

– Лицето кое има продавница во близина, без повод и причина со остар предмет им се заканувал на новинарките и на снимателот, дури и по живот. Потоа, без повод и причина, лицето физички го нападнало снимателот, нанесувајќи му повеќе повреди на различни делови од телото, велат од ТВ Алсат.

Повеќе здруженија и институции, помеѓу кои Здружението на новинари на Македонија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, денеска го осудија нападот и побараа реакција од институциите.

Од невладината ЦИВИЛ реагираа со соопштение во кое се вели „Нападите врз медиумските работници се напад врз слободата на говорот и човековите права во целост!“, и побараа од надлежните органи да стават крај на говорот на омраза и остра законска санкција..

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права и слободи, најостро го осудува насилството во секоја форма. Нападите врз медиумските екипи е крајно неприфатливо и заслужува секаква осуда и остра законска санкција.

Нападот врз новинарските екипи е кривично дело, па така и последниот напад врз снимателот на ТВ Алсат-М претставува грубо кршење на Кривичниот закон. ЦИВИЛ ја поздравува брзата реакција на институциите и бара да му се даде максимална казна на насилникот, како и осуда од јавноста.

На снимателот и колегиумот на ТВ Алсат-М му изразуваме целосна поддршка и солидарност, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Тепањето новинари не само што е тешко кривично дело, туку е крајно неморален и кукавички чин! Да се бара слобода, правда и демократија е возвишена човечка должност и одговорност, не предавство. Да се тепа, мрази и брани криминалот – тоа е предавство!

ЦИВИЛ апелира до надлежните органи да стават крај на говорот на омраза и соодветно да ги санкционираат ваквите наративи како и злосторствата што може да произлезат од говорот на омраза.

Tags: обвинителствоТВ Алсат
Next Post
EPA/DARKO ANDONOVSKI

Втор хеликоптер на МВР ќе се вклучи во гаснење на пожарот на Јакупица

Shortcut

Најново

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk