Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Не, не власта, и таа не е баш цвеќе за мирисање но, овојпат, делегитимирана е опозицијата и тоа, кажано во една реченица и со потенцирање на само два, три сосема јасни и непобитни факти е дека, со својата собраниска гласачка машина, токму ВМРО-ДПМНЕ е факторот кој во овој актуелен политички миг земјава, прво, ја држи вкотвена во сопствениот децениски институционално нефункционален и партиски коруптивен амбиент, второ, бесрамно си ги блефира и своите подржувачи дека ќе ја репреговарала француската рамка и, трето, нема ама баш никаква понуда како натаму со Македонија и ЕУ па многу логично и видливо е дека во отсуство на било каков јасен став или перспективна идеја за државата и нацијата, дискредитирана и авто делегитимирана е токму – опозицијата.
Преземено од ЦивилМедиа