ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Кримската платформа и Програмата за поддршка се доказ дека ОБСЕ останува со Украина

August 24, 2023 08:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше видео-обраќање на Самитот на Кримската платформа на кој беше повторена поддршката што Организацијата за безбедност и соработка во Европа и ја дава на Украина која се соочува со руската воена агресија од 24 февруари 2022 година, соопшти МНР.

Како што истакна Османи, овој Самит уште една покажува сплотеност и одлучност против воената агресија на Русија.

– Оваа војна претставува закана за сите нас, нашата слобода и нашите демократии. Таа претставува опасност и за нашата Организација. И покрај различните мултилатерални и билатерални напори, продолжува сериозно да ја загрозува стабилноста, човечката и севкупната безбедност на целиот регион на ОБСЕ и пошироко. Таа ги уништува животите на многу луѓе во Украина, рече Османи.

Сепак, како што посочи, ваквата состојба може да биде ублажена и надмината преку посветеност на принципите на ОБСЕ и поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

– ОБСЕ ќе продолжи да ја поддржува Украина во овие тешки времиња. Новата Програма за поддршка вклучува помош во хуманитарно деминирање, промовирање на владеењето на правото и ублажување на еколошките и економските влијанија од руската воена агресија. Сите овие мерки се наменети за ублажување на страдањата на луѓето, бидејќи тие се во центарот на нашето Претседавање со ОБСЕ, вели Османи и додава дека ова се однесува и на луѓето од Крим кои исто така го чувствуваат суровото влијание на војната.

Османи во своето обраќање најави дека во својство на претседавач со ОБСЕ уште еднаш ќе ја посети Украина, како и тоа дека ОБСЕ ќе остане посветена и проактивна во својата поддршка за Украина и Украинците преку заеднички ангажман со граѓанското општество и активистите за човекови права.

Османи повтори дека мирното решавање на споровите и почитувањето на човековите права се клучни приоритети на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и дека одговорност, како уште еден од важните принципи на ОБСЕ мора да постои – правдата секогаш преовладува.

Tags: ОБСЕОсманиУкраина
Next Post

Ескобар во Скопје на средби со државниот врв и Мицкоски

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk