Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во своја објава на Фејсбук напиша:
Со прогресивни политики и одлуки може да се реформира и интегрира регионот во ЕУ.
Ни треба развоен план, европски план што ќе го направи побрзо и поопипливо пристапувањето во ЕУ, бидејќи немаме бескрајно време на располагање да донесеме големи одлуки, порачав на панелот на Корчуланска школа, на тема „Ублажување на долгорочното влијание на балканската криза и постоечките предизвици – прогресивна перспектива“.
Факт е дека долго време сме биле во чекалната, без некоја реална шанса за членство во ЕУ како што ја имаме денес, но исто така треба да знаеме дека одговорноста за реформите, за помирувањето и добрососедските односи е само кај нас и зависи од нашите политики.
Стабилноста и безбедноста и денес се теми во регионот и после 3 децении не сме ги научиле лекциите дека конфликтите се користат како извор на фрустрација и извор на политичка мобилизација на етнонационалистите. Сега треба да направиме прогресивен чекор кон ЕУ, бидејќи во спротивно никогаш нема да ја направиме европската трансформација на нашите општества.