ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Нашата моќ е сиромашна колку што е сиромашен јазикот

August 27, 2023 13:18
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Во кругот што ги затвора суштествата во заедница на интереси и надежи, духот што им се спротивставува на илузиите си прави пат од центарот кон периферијата. Тој не може повеќе одблизу да ја слуша вревата на луѓето; тој сака, од што е можно подалеку, да ја посматра проколнатата симетрија што ги поврзува. Насекаде гледа маченици: едни што се жртвуваат заради видливи потреби, други за потреби што не можат да се контролираат, а сите се спремни да си го закопаат името под една извесност; и бидејќи сите не можат да дојдат до неа, повеќето од нив банално го преболуваат вишокот на крв за која сонувале. Нивните животи се создадени од една бескрајна слобода за да се умре што не знаеле да ја искористат: ги проголтува безизразен холокауст на историјата, заедничката јама.

Ова е скица за портретот што ми ја направи Емил Сјоран.

Ми се допаѓа.

Таа, како што може да се види, е и скица за портрет на Македонија.

Слична е на безброј мои скици за нашата држава.

Малку е мрачничка.

Во неа холокаустот го прават духовите што ја плашеа нацијата со помор на македонскиот род, од ману, вмро и од круговите на неутроните кои „банално го преболуваат вишокот на крв за кој сонувале”.

И слободата да се умре затоа што не знаеле да ја искористат.

И мојата судбина во таа скица не е сјајна. Повеќе е тажна отколку трагична.

Јас како страстен вљубеник во разделбите, како човек кој бара патишта по кои не врват хордите, се повлекувам во најоддалечената страна, свеста, сосема чиста, ми лебди во една здодевност без суштества и предмети. Престанувајќи да страда таа ме заборава мене како тело кое ја поднесува. По работ на животниот пат духот се шета среќавајќи се самиот себе и неговата немоќ да одговори на повикот на Празнината.

Што да кажам: Ова е филозовска резонанца на Македонија и на мојата маленкост во една слика.
А, богами и на вас.

Ова е вистината за вас зашто вие сте Македонија и Македонија сте вие.

И затоа се е така тажно и трагично.

Стадо кое тргнало не по кочот туку по волкот.

Викнав на помош уште еден филозоф.

Витгенштајн вели: Границите на мојот јазик се граници на мојот свет.

И додава: Да се замисли некој јазик значи да се замисли некој начин на животот.

Се согласувам, се разбира.

Јас со филозофите немам проблеми, имам со домашните говњари со политички амбиции.

Витгенштајн тука ги потврдува моите тези дека границите на нашиот, односно на македонскиот свет се плитки затоа што јазикот ни е плиток.

И нашиот начин на живот е сиромашен затоа што таков ни е јазикот.

Сите проблеми во суштина произлегуваат од јазикот. Во тој јазик и со пресудна улога на тој јазик, се формирани идиотите што ја јадат Македонија, прво и го јадат духот, а потоа на менито ќе дојде и телото.
И не само тие туку и сите други кои немоќно го посматраат тој процес на распаѓањето. Затоа што нивниот карактер, ментална сила, морална рамка и когнитивна моќ, се формирани во тој јазик, во јазикот што прво се учи дома, па на улица, па во школа, па на работа и во кафеана, се ниско плафонирање во моќта да се разбере себе и светот, да се разбере стварноста.

Им фалат на луѓето значења или зборови за значењата им фалат фрази им фалат склопови кои водат кон откритија.

Фиксирани сме во сиромаштија во време кога предизвиците бараат повеќе, а злотворите не. Тие се цареви на бедните по дух.

Тука се е просто двотактно и јасно.

И ги ослободува луѓето од напорот да мислат.

Јазикот е нашата единствена татковина.

Што значи дека е многу сиромашна.

И затоа ќе страда.

Може и да умре во таа единственост.

Или поради неа.

Иронично и цинично.

Прости ми Блаже.

Убаво е тоа што јазикот е афирмирам на меѓународен план и дека таа афирмација со
членството во ЕУ ќе се засили.

Но јас тука говорам за други проблеми.

Следете ја расправата за уставните промени или која и да е дебата или јавен исказ и ќе видите за што зборувам. Сетете се на кафеанските муабети трезни и поднапиени и верувам дека ќе ви се потврди тезата за сиромаштијата.

Нашите политички проблеми се раѓаат не толку во лажната историја, туку во јазикот.

Тие се во менгемето на јазикот.

Слушајте го лидерот на опозицијата!

Ви се молам.

Јазикот се разбира не можеме да го смениме. Можеме да го збогатуваме, но тоа е врзано со општата културна, социјална и ментална кондиција на општеството.

Тоа не е законски или административен императив.

Но, можеби можеме да издејствуваме со општите работи да не може да се занимава секоја будала.

Да ја култивираме медиумската клима и слика.

Образовната потенција.

Со општите работи, не само во политиката, треба да се занимаваат само луѓе кои се оспособиле да ги пробиваат границите односно ограничувањата на јазикот. Само луѓе кои убаво се вклопуваат во светскиот културен и политички профил. Со збогатување на духот, со многу читање, со културно воздигнување, со комуникации, со свест за ограничувањата што треба да ги надминат.

Мораме да бараме повеќе од себе.

Сега не бараме ништо освен да не остават да се валкаме во калта.
Значи не на човекот кој дошол да ти помогне да решиш клучно прашање за опстанокот на државата и за некои аспекти на интересите на неговата земја како прва светска сила, да му раскажуваш како македонската влада многу лаже.

И дека треба да донесеме „тешко решение”.

Тешко решение?

Ма не ме заебавај, бре!


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Tags: Бранко Тричковскијазикотмакедонски јазик
Next Post
Фото: Скриншот Ал Џазира

Истрагата потврди дека Пригожин е меѓу жртвите во авионската несреќа во Русија

Најново

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

Маск на суд против OpenAI: Бара 130 милијарди долари отштета и предупредува на „Терминатор сценарио

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk