„Примарниот исход од преговорите со ЕУ е дека нашето општество ќе се трансформира, ќе донесе усогласување на законите, усогласување на политиките на институциите коишто ќе нудат ист квалитет и стандарди како што се оние на Европската Унија“ истакна Благица Петрески од Finance Think на вчерашната трибина „Ние сме Европа“ во Скопје.
Таа додаде дека една од клучните цели на европската интеграција е конвергенција на нашиот доход со доходот на ЕУ што значи дека доходот на помалку развиените земји како нашата треба да се доближи до земјите кон коишто стремиме.
„Процесот на преговори треба да ни го покаже правиот пат. Одредени структурни реформи ќе траат со децении, затоа треба денес да започнеме со реформи“ рече Петрески.
Таа истакна дека придобивките од преговорите со ЕУ ќе ги почувствуваат сите граѓни преку нивните плати, пензии, животниот стандард и условите во кои ќе живеат.