ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Бабовски: Да не се манипулира дека ќе се зголеми цената на свинско месо по случајот со африканска чума во Карбинци

September 3, 2023 14:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Нема да се појави недостаток на свинско месо во земјава, по случајот со „афринската чума“ на најголемата фарма во Општина Карбинци, во којашто треба да се уништат 9.000 свињи, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

Одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на ИПАРД 3 Програмата, Бабовски посочи дека со уништувањето на овие животни во оваа фирма, македонскиот пазар ќе го изгуби само вишокот на свинско месо што се користел во преработувачката индустрија. Нема потреба, вели Бабовски, да се манипулира дека по овој случај на африканска чума ќе се зголеми цената на свинското месо.

– Точно е дека во производството на домашно свежо месо, бидејќи нашата држава е увозно независна, ќе се почувствува можеби мал недостаток. Затоа нема потреба од манипулирање со цени и зголемување на цените на свинското месо, бидејќи нашите производители на свинско месо ги задоволуваат потребите. Остануваше одреден вишок, којшто одеше во преработувачката индустрија и сега тој вишок ќе го изгубиме, истакна Бабовски.

Посочи дека со африканската чума за првпат е зафатен еден поголем објект, додека досега сите случаи биле изолирани и во помали земјоделски објекти.

– Во ова жариште, со првичните испитувања, откако се појавија првите смртни случаеви кај свињите, откриени се девет позитивни случаи. Меѓутоа се работи за болест што нема вакцина, ниту терапија, рече Бабовски.

Според него, ситуацијата е под контрола и од овој случај не треба да се прави политиканство.

Во однос на локацијата каде што треба се ископа јама за уништување на 9.000 свињи во Општина Карбинци, Бабовски вели дека општината имала понудено локации, но дека од страна на инспекторите за животна средина и од АХВ треба да се утврди дали предложената локација од страна на советниците во Советот на Општина Карбинци е прифатлива и според стандардите, со цел да не се пренесе оваа болест и во други региони.

МИА вчера објави дека на вонредна седница на Советот на Општина Карбинци донесена е одлука јамата за уништување на свињите да се копа во атарот на село Горно Трогерци. Во моментов и локалната власт, месното население и претставниците од АХВ чекаат одлука каде ќе се копа јамата. Пред три дена жителите на селата Таринци и Нов Карорман не дозволија градежните машини да копаат јама во близина на Индустриската зона.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: африканска чумаБабовскиКарбинциСвинско месо

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Трамп побарал Белата куќа да истражи дали сојузниците на Бајден ги прикривале неговите наводни ментални проблеми

June 5, 2025

Штрајк на новинарите во Грција

June 5, 2025
Скриншот

Хегсет: Одвраќањето и одбраната на НАТО не може да бидат одговорност само на САД

June 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последниот бисер на Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеската не толку „мека моќ“: Тивкиот партнер во војната на Путин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јовановиќ: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Четвртата економија“ во ЕУ не се замара колку чини четврт бурек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk