ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

КОНТРАСТИ: Груевски нудеше „евтина работна сила“, сега се обезбедуваат „работни места со конкурентни плати“

September 4, 2023 17:21
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
НЕЗАБОРАВНИ МИГОВИ Фамилијата, Субрата Рој и танчерката носеа „развој“

НЕЗАБОРАВНИ МИГОВИ Фамилијата, Субрата Рој и танчерката носеа „развој“

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Читам една објава на вицепремиерот Фатмир Битиќи, кој на социјалните мрежи објави нова инвестиција во земјава.

„Во Франкфурт, Германија, бев дел од настанот на потпишување на договор со технолошки напредната и глобално етаблирана компанија БМЗ за реализација на инвестиција во Северна Македонија во вредност од 65 милиони евра, со која се проектира отворање на 755 нови работни места со конкурентни плати за нашите сограѓани“, пишува Битиќи.

Вакви вести секогаш се добредојдени. Нив, за среќа, ги има релативно често, иако често се истуркани на маргините од вестите, бидејќи креаторите на редакциските политики чуваат место за отровите на Мицкоски и компанија, нели, за да бидат „балансирани“.

Сепак, овој краток коментар не се однесува на инвестициите, а ниту на „балансот“ во медиумите.

Повеќепати, а мислам дека можам да кажам и редовно, забележувам еден податок во ваквите изјави во изминатите неколку години. Тоа е делот од изјавите кој гласи „нови работни места со конкурентни плати“. Конкурентни плати! Овој став е во драстичен контраст со социјалните и економските политики за време на владеењето на Груевски.

Ако се сеќавате, Груевски дојде на власт во 2006 година со пропагандната порака со убедувањето дека во земјата ќе дојдат странски инвеститори. Аргумент за „атрактивноста“ на Македонија за странските инвеститори беше „евтината работна сила“ што може да ја понуди нашата земја.

Па така добивме конфекциски погони во кои се работеше до 12 часа, шест дена во неделата, за 6-7 илјади денари месечно.

Го добивме и живописниот минхаузеновски тип, измамникот од Индија (БРИКС), Субрата Рој, кој ветуваше дека неговиот комплекс во Охрид ќе биде меѓу десетте најдобри во светот. За телефонските шепотења на перница со Миле-ми-текна и процентите од „жутите“ (исто така, од БРИКС) и да не говориме. Ех, времиња!

Значи, да скратиме и да заклучиме. Силен е контрастот меѓу „аргументот“ на Груевски со „евтината работна сила“ и сегашните политики за „работни места со конкурентни плати“. Не се бега од овие факти, ни со силно затворени очи.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: БитиќиГруевскиинвестицииСубрата Рој
Next Post

Грковска со градоначалникот на Рим: Северна Македонија и Италија негуваат пријателски односи, продлабочување на економската и културната соработка

НАЈНОВО

Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025
Скриншот

Џенсон Батон стави крај на професионалната кариера во Ф1

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk