ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Напаѓачите врз медиумите може да добијат и затворски казни!

September 7, 2023 09:35
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АРТА ТАХИРИ

Ера Ѓакова и Сара Хоџа се две млади жени кои влегоа во новинарството со ентузијазам и голема волја да имаат перспектива во оваа професија. Тие се ангажирани во неинформативниот дел од програмската шема на Телевизија Алсат.

Нивната работа е во студио, но и на терен. Тие заедно со снимателот на Алсат на 21 август годинава излегоа да го „заработат лебот“ во скопската чаршија, но ненадејно, прво вербално, а потоа и физички беа нападнати од еден „бербер“! Неговата професија ја ставивме во наводници, бидејќи оваа професија и многу други во чаршијата припаѓаат на еснафот, додека еснаф значи праведен, чесен и благороден човек.

Новинарките и снимателот биле нападнати додека ги извршувале своите професионални обврски, обидувајќи се да си ја работат работата, исто како  „берберот“. Но, ете, тој, наместо да си ја гледа работата, без никаков мотив ги нападна новинарките и снимателот. Одвратен напад, но и страшен! Антицивилизациски, антихуман, антидемократски напад, напад против слободата на говорот, за која продолжува борбата на медиумите и новинарите заедно со другите медиумски работници во Северна Македонија и насекаде на Балканот.

Бевме навикнати на закани, имало и напади врз новинари од политичари, од „моќници“ во бизнисот, од „силните“ од подземјето, од „силните“ во полицијата и многу други „силни“ луѓе облечени во политичка моќ или во моќта на парите, но не бевме навикнати нападот да доаѓа од еден граѓанин, од член на еснафот, кој поради оваа постапка повеќе не го заслужува овој епитет.

Но, овој граѓанин и кој било друг, без разлика дали знаел или не дека нападот врз новинар или медиумски работник (согласно член 386 од Кривичниот законик на Северна Македонија, измени кои се направени од сегашното Собрание) се смета за напад врз службено лице, треба да знаат дека работата и мисијата на новинарството се многу хумани, дека се во функција на развојот на цивилизираното и демократско општество, во функција на јавниот интерес.

Независно од тоа што и во нашите редови има злоупотребувачи, мрзливци, „лапачи“ или „чорбаџии“, кои го продаваат своето достоинство за ситни пари, тоа не е причина да му текне некому да крене рака врз новинарите и снимателите.

Или, пак, да им ја попречуваат работата, како што му се случи на колегата Сенат Зилбехари, кој во својата должност беше попречуван од лице – сопственик на депонија. И Сенат, како и неговите колешки од Алсат, снимаа на јавен простор, не влегоа во ничиј приватен простор. Значи, треба да се знае дека медиумите имаат право да снимаат, да фотографираат, да прават стенд-ап на јавен простор и тоа никој не може да им го оспори, како нивно основно работно право, како уставно право.

Доколку не се согласувате со начинот на работа на новинарите и медиумите, упатете претставка до Советот за етика во медиумите за која било вест, прилог или друга новинарска содржина, тужете ги новинарите дури и на суд ако сакате. Доколку имате факти, критикувајте на социјалните мрежи, реагирајте до самите медиуми со побивање (демант) или барања за исправка на грешки, па дури можете да ги натерате медиумите и да се извинат, ако сте во право. Но, само едно: не користете насилство! Затоа што можете да одите во затвор и да останете зад решетки до 3 години.

Сега, на ред се институциите, особено судовите. Ова е тест за нив, да покажат дали законските измени ќе останат на хартија, или ќе се спроведат. Затворањето на секој што физички ќе нападне и ќе крене рака врз медиумите треба да послужи како добра лекција, дека затвор го чека секој што се двоуми за насилен напад.

Државата е на испит – ќе ја заштити слободата на говор или ќе се стави во одбрана на насилството!


Текстот е личен став на Авторката. Преземено од СМК.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АРТА ТАХИРИмедиуминападновинари

НАЈНОВО

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата

June 29, 2025

Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ

June 29, 2025

Ѓоковиќ вели дека се чувствува добро пред стартот на Вимблдон, Алкараз полн со самодоверба

June 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервјуто на Џабир Дерала за украинската агенција „Укринформ“ со силен одек во албанските медиуми во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тензично во центарот на Белград, полицијата се судри со демонстрантите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решението лежи во делотворно востание на духовите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk