ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Честитки за Денот на независноста од ФРОНТЕКС: Ден за славење на достигнувањата и напредокот на вашата земја

September 8, 2023 17:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста преку Министерството за внатрешни работи до граѓаните на Република Северна Македонија беше упатена и од страна на Оперативниот тим на европската Агенција за гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС).

Во честитката, во чест на овој посебен ден кој претставува постигнување значајна пресвртница во историјата на земјата, како што информираат од МВР, се вели: „Овој ден го означува раѓањето на вашата нација и почетокот на новото поглавје во вашата историја. Тоа е ден за сеќавање и чест на жртвите на вашите предци кои се бореле за слободата и ослободувањето на вашата земја. Ова е, исто така, ден за славење на достигнувањата и напредокот што вашата земја ги постигна низ годините“.

Операцијата на Фронтекс во земјава официјално стартуваше на 20 април, откако на 26 октомври 2022 година во Скопје за време на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон го потпишаа Договорот за ФРОНТЕКС, кој е прв ваков договор помеѓу ЕК и Република Северна Македонија на македонски јазик.

Овој Договор отвори можности за воспоставување заеднички операции на европската Агенција за гранична и крајбрежна стража на територијата на Република Северна Македонија, а со неговата операционализација 111 полицајци од земји членки на Европската Унија даваат поддршка на македонската гранична полиција во преземањето мерки и активности за обезбедување на јужната граница која е на патот на т.н. западнобалканска мигрантска рута.

Tags: Денот на независностаФРОНТЕКСчеститка
Next Post
Фото: МИА архива

Ковачевски: Измените на Кривичниот законик не значат никаква амнестија, ниту помилување

Shortcut

Најново

Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk