Силен земјотрес го погоди Мароко доцна синоќа, во неколку марокански градови се уништи одделни згради и луѓето биле принудени да ги напуштат своите домови, а според прелиминарните податоци на Министерството за внатрешни работи загинале повеќе од 820 лица, додека 329 лица се повредени.
Мароканскиот геофизички центар соопшти дека земјотресот се случил во областа Игил на планините Висок Атлас со интензитет од 7,2 степени. Американскиот геолошки институт ја процени јачината на земјотресот на 6,8 степени и соопшти дека е на релативно мала длабочина од 18,5 километри.
Зградите се уривале, а главниот град Маракеш исто така е тешко погоден.
May Allah protect our brothers and sisters in Morocco 🇲🇦 ameen 🙏#earthquake #Morocco #G20India2023 #Jawan pic.twitter.com/jeQXRxAgjB
— Sahar Hayat (@SaharHayat6) September 9, 2023
Системот PAGER на Американскиот геолошки институт, кој дава прелиминарни проценки за влијанието на земјотресите, издаде црвен аларм за економски загуби. Од PAGER велат дека постои веројатност за огромна економска штета во Мароко по разорниот земјотрес.
Се очекува бројот на жртвите да се зголеми по земјотресот кој погоди една третина од Мароко, пишува Би-Би-Си.
🚨🚨🚨
من اقوى اللحظات المرعبه في #زلزال_المغرب 😨
اللهم سلم واحفظ #المغرب واهلها 🤲🏻🤲🏻#Morocco #البرازيل_بوليفياِ #زلزال pic.twitter.com/FRLwWUl1Gt— عساف (@Sa91af) September 9, 2023
Извештаите покажуваат се дека има големи проблеми да се стигне до оддалечените села на планините Атлас кои се сериозно погодени од потресот. Можеби ќе поминат денови пред спасувачите да стигнат до овие села, кои главно се состојат од стари згради.
Дури и жителите на Канарските Острови во близина на брегот на Мароко и во Алжир велат дека го почувствувале земјотресот, пишува Би-Би-Си.
Џонатан Стјуарт, професор по градежно и еколошки инженеринг на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес, изјави за Си-Ен-Ен дека очекува јачината на последователните потреси да биде околу пет степени според Рихтеровата скала. Стјуарт очекува уште посилни последователни потреси.
Г. Т.