ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Аналитичари: „Бугарскиот диктат“ е само во главата на Мицкоски, преговарачката рамка предвидува уставни измени

September 11, 2023 13:57
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Внесувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот беше предвидено и прифатено во преговарачката рамка од 27-те држави членки на ЕУ. Секоја изјава дека тоа е диктат на Бугарија е пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ, зад која се кријат партиски интереси за лукративна моќ“, вели за „Фронтлајн“ Исмет Рамадани од Евроатлантскиот совет на Северна Македонија.

Исмет Рамадани
Исмет Рамадани

– Воведувањето на Бугарите во Уставот беше предвидено и прифатено во преговарачката рамка од 27-те земји на ЕУ. Затоа, секоја изјава дека тоа е диктат на Бугарија е пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ, зад која се кријат партиски интереси за лукративна власт. Ваквиот став на Мицкоски е прекумерна злоупотреба на чувствата на значителен дел од македонскиот народ. За жал, овие позиции се во спротивност со стратешката цел на Северна Македонија кон членство во ЕУ. Може да се оквалификуваат и како антидржавни. Одговорноста на Мицкоски е нешто повеќе од демократски политички став, оценува Рамадани.

Нано Ружин
Нано Ружин

Поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин, вели дека во недостаток на одбрандбени аргументи за неприфаќањето на уставните промени, опозицијата и пред сè Мицкоски бара секакви изговори за да може да најде оправдување и пред Европската унија, пред членството и пред меѓународната заедница.

– Мицкоски бара изговори со кои ќе го оправда неговото одбивање за надополнување на Уставот. Во суштина тоа е стар трик во политиката и добро е што ние зборуваме за влогови односно таканаречени премии во полтиката за да се разоткрие зошто е тоа така. Јасно е дека тој сака предверемени парламентарни избори, бидејќи според негови проценки јавното мислење е наклоното кон таквата негова политика. И еден студент знае дека рамковата обврска кон ЕУ, пред сè е прашање меѓу два субјекти, од една страна ЕУ, а од друга Република Северна Македонија. Бугарија нема никаква врска со ова прашање, но тој ги подгрева страстите, тоа е старт трик во полтиката само да убеди зошто не треба да дојде до надополнување на Уставот, изјави Ружин за „Фронтлајн“.

Според него, бидејќи премногу отиде со својото одбивање, Мицкоски не може постојано да ги менува политиката и да каже сега прифаќаме дополнување на Уставот.

– Во тој слулај неговата кампања и политика би биле осудени на целосен неуспех, затоа се измислуват разни елементи, подвлекува Ружин.

Ќенан Алиу

Политичкиот аналитичар Ќенан Алиу вели дека одобрувањето на преговарачката рамка има статус на документ на ЕУ.

– Но, се разбира дека овој документ е составен како резултат на ветото покренато од Бугарија како членка на ЕУ. Фразата што Мицкоски ја користи како „бугарски диктат“ има врска со секојдневната политичка пропагандна, вели Алиу во изјава за „Фронтлајн“.

Интервју на претседателот Пендаровски за Фронтлајн и Цивил Медиа. Фото: Ангел Ангеловски

Претседателот на државата Стево Пендаровски во ексклузивното интервју за „Фронтлајн“ во соработка со ЦИВИЛ Медиа, меѓудругото зборуваше и за политичките актуелности во земјата.

Тој истакнува дека стратешкиот договор со САД и членството во НАТО се гарант за стабилноста на државата и за регионот во целина.

Пендаровски за актуелната политичка состојба во земјата, нагласува дека наративот што за неопходните уставни измени го користи опозицијата е директно спротивeн на македонските стратешки, национални и државни интереси.

– Една од најголемите навреди на интелигенцијата на македонскиот граѓанин е кога европската преговарачка рамка ќе ја наречеш „бугарски диктат“, вели Пендаровски во интервјуто за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа.

И додека во државата трае дебатата за уставните измени, Европската унија прави скрининг на сите 33 поглавја за пристапување: од заштита на потрошувачите, до надворешна политика за да види што Северна Македонија треба да направи на секое политичко поле за да стане членка. За отворање и за затворање на кое било од поглавјата сите земји членки мора да дадат зелено светло.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУМицкоскиуставни измени

НАЈНОВО

Николоски: Сериозно се разговара со Велика Британија да бидат ослободени од визи три категории на граѓани

June 19, 2025

(ВИДЕО) Инцидент во Советот на Општина Кочани, повредена службеничка

June 19, 2025
Фото илустрација. Генерирано со ВИ

Американскиот напад врз Иран би донел ризици на секој чекор

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ја разобличува авторитарната страна на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk