ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕК го намали планираниот раст на економијата на ЕУ за 2023 година на 0,8 отсто

September 11, 2023 16:10
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Olivier Hoslet/EPA/EFE]

Olivier Hoslet/EPA/EFE]

Share on FacebookShare on Twitter

Економијата на ЕУ продолжува да расте, иако е со намален моментум, соопшти денеска Европската комисија објавувајќи ги своите нови предвидувања за 2023 година, според кои економскиот раст на блокот во целина и на Еврозоната се ревидирани на 0,8 проценти, од претходно предвидените 1, односно 1,1 отсто во пролетната прогноза.

Во исто време, со оваа привремена летна прогноза се предвидува дека растот на економијата во ЕУ за следната година ќе изнесува 1,4 проценти, што е помалку од претходно прогнозираните 1,7 отсто. За Еврозоната, пак, за 2024 година се очекува економски раст од 1,3 проценти, за разлика од предвидените 1,6 отсто со пролетната прогноза.

Кога стануваа збор за инфлацијата, се очекува таа да продолжи да опаѓа и на крајот на 2023 година да изнесува 6,5 отсто во ЕУ и 5,6 проценти во Еврозоната. Пролетните предвидување беа дека стапката на инфлација на ниво на цела ЕУ ќе изнесува 6,7, а во Еврозоната – 5,8 отсто.

За следната година се предвидува инфлација од 3,2 проценти во ЕУ и 2,9 отсто во Еврозоната, што претставува благо зголемување од пролетна прогноза од 3,1, односно 2,8 проценти.

При претставувањето на новата прогноза извршен потпретседател на ЕК, Валдис Домбровскис изјави дека економијата на ЕУ последниве години се соочи со два големи шокови – пандемијата на Ковис-19 и неиспровоцираната војна на Русија во Украина.

– Иако сега се намалува, високата стапка на инфлација го зеде својот данок. По период на слабост, растот се очекува благо да закрепне следната година, поткрепен со силниот пазар на труд, рекордно ниската невработеност и намалувањето на ценовните притисоци, рече Домбровскис

Според него, и додека економија продолжува на патот на растот, неизвесноста и натаму останува висока и треба внимателно да се следат ризиците.

– Спроведувањето на реформите и инвестициите останува круцијални за одржување на економијата на ЕУ на вистинскиот пат, додаде Домбровскис.

Еврокомесарот за економија Паоло Џентилони потсети дека ЕУ минатата зима избегна рецесија, што претставува подвиг имајќи ги предвид шоковите со кои се соочи и доказ за ефективноста на заедничкиот  одговор на Унијата.

– Сепак, спротивставени ветрови со кои се соочуваат нашите економии оваа година, доведоа до послаб моментум на растот отколку што проектиравме пролетоска. Инфлацијата се намалува, но со различна брзина низ ЕУ, а бруталната војна на Русија против Украина продолжува да предизвикува не само човечки страдања, туку и економски нарушувања, истакна Џентилони.

Според него, граѓаните мора да имаат доверба во иднината на европската економија, бидејќи ЕУ има можности да го поддржи одржливиот раст преку ефективното спроведување на плановите за закрепнување и отпорност.

– Треба да се водат претпазливи фискални политики погодни за инвестиции, во синхронизација со тековните напори на нашите централни банки да ја скротат инфлацијата. И на крај, мора да работиме одлучно да склучиме договор за реформа на нашите фискални правила до крајот на годината, додаде Џентилони.

Во прогнозата се посочува дека економската активност во Унијата во првата половина на 2023 година била придушена од „застрашувачките шокови што ги преживеа ЕУ“.

– Слабоста на домашната побарувачка, особено на потрошувачката, покажува дека високите и се уште растечките цени на повеќето стоки и услуги земаат поголем данок отколку што се очекуваше во пролетната прогноза и покрај падот на цените на енергијата и исклучително силниот пазар на труд, кој бележи рекордно ниски стапки на невработеност, континуирано проширување на вработеноста и зголемување на платите, посочува ЕК.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, во прогнозата се додава дека и покрај силната туристичка сезона во многу делови од Европа, на ревизијата на предвидувањата влијаеле забавувањето на економската активност во текот на летото, кое се очекува да продолжи и во следните месеците, како и континуираната слабост на индустријата и намалувањето на обемот во услугите.

– Глобалната економија во првата половина од годината помина нешто подобро од очекуваното и покрај слабите перформанси во Кина. Сепак, изгледите за глобалниот раст и трговијата остануваат главно непроменети во споредба со пролетта, што значи дека економијата на ЕУ не може да смета на силна поддршка од надворешната побарувачка. Севкупно, послабиот раст во ЕУ се очекува да се продолжи и во 2024 година, а влијанието на затегнатата монетарна политика ќе продолжи да ја ограничува економската активност. Сепак, за следната година се предвидува благо зголемување на растот, бидејќи инфлацијата продолжува да се намалува, пазарот на трудот останува робустен, а реалните приходи постепено се опоравуваат, се додава во предвидувањата.

Во однос на инфлацијата се посочува дека таа продолжува да се намалува како резултат на падот на цените на енергенсите и ублажувањето на инфлаторните притисоци од храната и индустриските стоки.

– Цените на енергијата ќе продолжат да се намалуваат до крајот на 2023 година, но со забавено темпо, а се предвидува дека тие повторно благо ќе се зголемат во 2024 година, поттикнати од повисоките цени на нафтата, прогнозира ЕК, посочувајќи дека монетарното затегнување може да влијае на економската активност посилно од очекуваното, но и да доведе до побрз пад на инфлацијата што ќе го забрза обновувањето на реалните приходи.

Според Еврокомисијата, руската агресија врз Украина и пошироките геополитички тензии продолжуваат да претставуваат ризици и извор на неизвесност, исто како и зголемените климатски ризици, манифестирани со екстремните временски услови и досега невидените шумски пожари и поплави во текот на летото.

Со денеска објавената летната економска прогноза се ревидираат предвидувањата објавени во мај 2023 година. Еврокомисијата годишно објавува две сеопфатни прогнози – на пролет и есен и две привремени прогнози – во зима и лето. Следната прогноза на Комисијата ќе биде есенската, која е планирано да биде објавено во ноември.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: економски растЕУинфлација

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk