Министрите за надворешни работи на Г7 ги осудија лажните избори што Русија ги спроведе на окупираната украинска територија, соопшти денеска британската Влада.
„Недвосмислено ги осудуваме лажните избори спроведени од Русија на суверена украинска територија во Доњецк, Керсон, Луганск, Запорижја и Крим“, се наведува во соопштението на Г7.
„Овие лажни избори нема да го променат нашиот пристап или поддршката за Украина, која се бори да ја врати својата меѓународно призната територија“, се додава во заедничката изјава на седумте најразвиени земји во светот.
Русија одржа регионални избори, вклучително и во четири украински региони кои не ги контролира целосно, и покрај противењето на меѓународната заедница.
„Руските лажни избори на привремено окупираните територии се ништовни и неважечки. Тие нема да имаат никакви правни последици и нема да доведат до промена на статусот на украинските територии под окупација на руската војска“, соопшти украинското Министерство за надворешни работи. минатата недела.
Г. Т.