Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека за десет години членство во Европската Унија, Хрватска е во плус 12 милијарди евра кога се гледа колку е платено за членство, а колку е повлечено, пишува Индекс.хр.
Досега уплативме 5,2 милијарди евра во европскиот буџет, а повлековме 17,1 милијарди европски фондови, истакна Пленковиќ на конференцијата во Загреб посветена на иднината на кохезионата политика по 2027 година.
Тој додаде дека Хрватска во моментов е на 14-то место по искористеност на средствата.
Хрватскиот премиерот нагласи дека не е во ред да се потенцира само земањето финансии како предност на членството, бидејќи тоа не е само „земање пари од богатите“, посочувајќи дека „ЕУ пред се е заедница на права, вредности и најразвиената заедница во светот“.
Пленковиќ потсети дека Хрватска во 2013 година била на 51 отсто од просекот на Европската унија, во 2016 година била на 62 отсто, а денес е на 73 отсто.
Г. Т.