„Кога дојде Петков и направи состаноци со сите лидери на политички партии, последната средба која ја имал, пред да се сретнеме пред заминување беше со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Наа таа средба кажал, а потоа Мицкоски и јавно кажа, дека тој немал ништо против внесувањето на Бугарите во Уставот, ако се гарантира македонскиот јазик“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека Владата токму тоа и го направи, односно побара гарантирање на македонскиот јазик и докажување на гаранцијата со изгласување на Договорот за ФРОНТЕКС, а за возврат внесувањето на Бугарите во Уставот беше поместено пред Втората меѓувладина конференција.
„Точката на спорење беше дали уставните измени да бидат пред почетокот на преговорите, откако ќе почнат или на крајот. Ние сакавме на крајот, Бугарија бараше да бидат пред првата меѓувладина конференција. Ние обезбедиме прва меѓувладина конференција, почеток на скринигот, македонски јазик и се обврзуваме да ги направиме уставните измени кои концептуално не се проблематични“ рече Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека и ВМРО-ДПМНЕ неколку пати кажале дека немаат ништо против уставните измени, но дека имаатп роблем со членството во ЕУ.
„Ако се за ЕУ, нека ги гласаат уставните измени и нека ги отфрлат останатите точки од пакетот кои не им се допаѓаат“ рече Маричиќ.