Сања Лукаревска, заменик претседателка на СДСМ и директорка на УЈП, во интервју за Рацин.мк говори за актуелната политичка ситуација во земјата. Таа и покрај неизвесноста од уставни измени верува во напредувањето на Македонија кон Брисел. Таа смета дека да останеше СДСМ на власт во 2006-та година, веќе ќе бевме полноправна членка на ЕУ како што сме сега на НАТО, но со многу помали компромиси. ВМРО-ДПМНЕ со доаѓањето на власт ја турна Македонја во агонија на популизам.
И Мицкоски добро ја памети 2006 година, вели Лукаревска. Ако сака да создаде поинаква слика за партијата која ја предводи, а не дека работи по нечиј диктат, тогаш прв ќе рече – дајте да одиме побргу кон Европа. Тажно е што домашни чинители калкулираат со нашата иднина користејќи се со лаги. Ниту идентитетот, ниту македонскиот јазик се загрозени. Ниту се изградени од стиропор ниту се чуваат во стиропор, вели заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.
Целото интервју со Сања Лукаревска за Рацин мк. што го води Љубиша Николовски, тука.