РИБАРО
– Каде ми беше паметот што давав таква несмасна изјава за мајчин германски весник, еве уште не можам да си објаснам. Ама ме понесе атмосфера. Ме третираа како битен фактор и безмалку ме натераа да отворам војна со шефот од Будимпешта и да се доупропастам. Но, што е тука е – морам да се правам храбар и да му одговорам јавно на шефот, оти го обрав бостанот, брифирал Мицкоски додека му клецкале коленцата во белата палата на вмровците, дознава АХА.
– И сега мои драги вмровчиња, спасувајте ме. Излегувајте со јавна поддршка за тоа што го кажав. Ми требаат големи искусни вмровски ѕверки да застанат зад мене, а не некои ботови на социјални мрежи. Јас уште вчера почнав да вртам телефони и никој не ми крена. Ајде вие запнете јако, можи сепак некој ќе се нажали и ќе ми помогне да се извлечам од кашава што си ја направив, молел Мицкоски.
– Шефе, мене ми крена Влатче Ѓорчев. Рече ќе излезе со список на имиња од сите што даваат поддршка, ама заборавив да го прашам за кого ќе биде поддршката за тебе или за Грујо, се истакнал еден мицков пулен.
– Ах… ако излезе театрално јавно да реди имиња на општински поддршки од мамлазите што ги наместив за претседатели и градоначалници како што знае Влатче, ќе заврши голема работа. Ама ако излезе со контраподдршка каде ќе се пикаме?, реагирал Мицкоски.
– А, не мислиш ли дека своеволно си го потпикна онака да се истрчаш како млад мајмун и да влегуваш во битка со цела партија сега кога тоа е најмалку потребно? Или тоа намерно го направи за да свиткаш опашка?, рекол вмровски ветеран присутен на брифингот и ја напуштил канцеларијата.
Во меѓувреме пуленот процвилил: Шефе му вртам сега пак на Влатко, не ми крева?!
Го ебав ќошот изгледа, констатирал Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK