„80 проценти од граѓаните во Република Северна Македонија посакуваат да бидат дел од европското семејство. Кој е тој што може да опонира на 80 проценти од граѓаните? Кој е тој што сака да ја уништува перспективата на државата. Затоа сметам дека сите политички субјекти, и сите одговорни политичари треба да работат на остварување на една ваква цел и нема изговори веќе во државата за нашиот напредок дека некој друг ни стои на патот на остварување на нашите цели“, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во ексклузивното интервју за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа.
„Ние сме тие кои што треба активно да работиме за да ја оствариме оваа крајна цел – членството во Европската унија и притоа да не губиме години, да не губиме нови генерации на млади луѓе во државата, туку на нив да им ја понудиме перспективата преку еден ефикасен процес за членство во Европската унија. Притоа да имаме на ум дека на основа на тие геостратешки поместувања се отвора сериозна шанса за забрзување на процесот на членство во Европската унија, вели Спасовски.
Сето друго, додава тој, е манипулација со граѓаните, манипулација со ставовите коишто ќе се користат за дневно политички цели.
„Одговорноста на оваа генерација е да направи еден сериозен исчекор и притоа да знаеме дека сето она што го правиме го правиме заради нас самите, не заради било кој друг и да бидеме благодарни на сите наши партнери што нè поддржуваат во целиот овој процес“, вели Спасовски.
Целото интервју со министерот Спасовски, за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа, тука.
Разговорот го водеше: Дестан Јонузи
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Ангел Ангеловски
Поврзано: