ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Демант од МВР: Ковачки шири невистини, неселективно се постапува за сите кршења на законот, без оглед кој е сторителот

September 26, 2023 13:59
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Секторот за внатрешни работи Велес ги демантира невистините објавени од страна на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, објавени на социјалните мрежи за наводно несанкционирање на кривични дела односно лица кои пукале на свадбени веселби.

Напротив, се постапува и ќе се постапува за сите случаи, без оглед на тоа кој е сторителот, велат од МВР.

„Што се однесува до првото видео објавено од Ковачки, станува збор за свадба, настан кој на 11.09.2022 е објавен на социјалните мрежи и за кој се преземени соодветни мерки и активности. На 12.09.2022 по наредба на ОЈО Велес е извршен претрес кај И.А. (48) од село Горно Јаболчиште, при што се пронајдени и одземени 8 чаури од пушка, 10 чаури од гасен пиштол и 1 чаура од пиштол. На 23.12.2022 против И.А. е поднесена кривична пријава по член 288 за предизвикување на општа опасност.  Исто така, во врска со овој случај, во август 2023 година, по обезбедени видео материјали,  дополнително е утврден идентитетот на уште едно лице Б.Д. (24) и со него е извршен службен разговор по наредба на ОЈО Велес, а по целосно документирање на случајот против Б.Д. ќе биде поднесена кривична пријава“, реагираат од МВР.

Што се однесува до второто и третото видео, во демантот се истакнува дека „СВР Велес во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди веќе презема мерки за расчистување на случаите и санкционирање на сторителите, по што јавноста ќе биде соодветно известена“.

„МВР во изминатиот период јасно покажа дека нема никаква толеранција за кршење на законите и нема апсолутно никаква селективност без оглед кој е сторителот. Доколку се утврди вина кај било кој полициски службеник или вработен во МВР и негова поврзаност со било кое кривично дело, тој, како и во сите досегашни случаи, ќе биде соодветно санкциониран“, се наведува во демантот од МВР.

Tags: демантДраган КовачкиМВР
Next Post

Марко Ѓорѓиевски за Градска.мк: Буџетот за Ерамус е шест милиони евра, а целта е да допре до сите полиња во образованието

НАЈНОВО

Скриншот

Пезешкијан: Сакаме мир, но нема да попуштиме под притисок за нуклеарната програма

November 7, 2025
Скриншот

Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

November 7, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Обвинение за лажно пријавување бомба во училиште во Радовиш

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk