ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕК усвои мерки за ограничување на употребата на микропластиката

September 26, 2023 09:41
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија усвои нови правила за ограничување на намерното додавање на микропластика во производите што се продаваат во ЕУ, како уште еден чекор кон заштита на животната средина во Унијата.

Како што соопшти ЕК, новите правила треба да спречат исфрлање како отпад на околу половина милион тони материјали и препарати со микропластика и со нив се забранува нејзината продажбата, како и на производи во кои таа намерно е додадена. Исклучок е доволен само кога примената на миропластика во производите е оправдана.

Со регулативата на засегнатите страни им е оставен преодни период за прилагодување кон новите правила.

Во документот под поимот микропластика се подразбираат сите синтетички полимерни честички под пет милиметри, кои се органски, нерастворливи и отпорни на разградување, како зрнестиот материјал што се користи на вештачки спортски површини, средствата што се користат во козметиката за пилинг или за добивање специфична текстура, мирис или боја, како и компоненти на детергенти, омекнувачи, ѓубрива, производи за заштита на растенијата, играчки, лекови и медицински помагала.

– Целта е да се намалат емисиите на намерна микропластика од што е можно повеќе производи, посочува Еврокомисијата.

Дополнително, согласно правилата, производите што се користат во индустриски погони или што не испуштаат микропластика за време на користењето, се исклучени од забраната за продажба, но нивните производители ќе треба да дадат упатства за нивно користење и за начинот на исфрлање на производот за да се спречат емисиите на микропластика.

Овие правила се во рамки на одредбите од Европскиот зелен договор, како и од новиот Акциски план за циркуларна економија, со што е поставена цел за намалување на загадувањето со микропластика за 30 проценти до 2030 година.

Според анализа на Европската агенција за хемикалии (ЕЦХА), микропластиката намерно додадена на одредени производи се ослободува во животната средина на неконтролиран начин, поради што се препорачува ограничување на нејзината употреба.

Tags: ЕУмикропластикарегулатива
Next Post
Фотомонтажа: РИБАРО

Николоски го загубил УСБ-то, паразитот од Градски стадион главен осомничен

Shortcut

Најново

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk