ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николоски фатен во нова лага – тврдеше дека Груевски „збор нема кажано“ за „францускиот предлог“

September 26, 2023 00:18
in PMD, ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во интервју за „360 степени“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изјави дека во објавите на Никола Груевски немало збор за францускиот предлог до обзнанувањето на тоа што се случува зад сцената од актуелниот претседател на партијата Христијан Мицкоски.

„Некој нека направи анализа, затоа што тој  извади дури и книга од фејсбук-статуси, дали од објавувањето на францускиот предлог до обзнанувањето од наша страна на тоа што се прави зад сцената, има кажано збор за францускиот предлог или за барањето да се промени Уставот. Јас ќе ви кажам – збор нема кажано“, рече Николоски.

Но, ова е флагрантна лага затоа што Груевски за францускиот предлог пишува во свој статус на 25.07.2022 година:

„Не можеме да ја обвиниме ЕУ или Франција за нејзиниот предлог, бидејќи токму владата преку нејзини претставници, пред повеќе месеци официјално побара од ЕУ да го превземе решавањето на проблемот, односно спорот меѓу нејзината земја членка – Бугарија и Македонија како земја претендент за членство. И еве ЕУ се согласи, на барање и во преговори и дијалог со македонската власт даде предлог.  Секако дека луѓето во власта знаеле дека кога ЕУ решава проблем меѓу земја нејзина членка и земја која не е членка на ЕУ, механизмите во ЕУ се такви што неможе да се очекува земјата членка да биде во понеповолна ситуација со тој предлог.“

Веднаш потоа, Груевски ликува и тврди дека аргументите и критиките во јуни и јули 2022 година против предлогот на ЕУ биле „како јас да сум им ги напишал“:

„Колку и да беше задоволство да се слуша во јуни и јули годинава “симфонијата” на аргументи и критики упатени кон власта од страна на стотици мои поранешни критичари и мои политички противници и неистомисленици, а на темата на националните прашања и Бугарија, и сето тоа во светлина на скоро усвоени документи и одлуки; колку и нивните изјави и натписи да личеа како јас да сум им ги напишал; колку и да стана јасно дека сите тие стотици аналитичари, новинари, претставници на НВО, шарени, реформатори, професори, глумци, владици, поранешни македонски амбасадори, историчари, бизнисмени, лекари, режисери и разни други тазе национално разбудени “стручњаци” се чини дека конечно разбраа од што тоа ние до мај 2017 сме се бранеле и со што сме се справувале кога не коректно и не чесно не обвинуваа дека свесно го кочиме патот на Македонија кон ЕУ, сепак овој месец и претходниот беше многу тажно да се гледа борбата, напорите, отпорот, противењето но и немоќта на измамениот македонски народ кон намерите и одлуките на една власт која го има загубено или се има откажано од суверенитетот на земјата и не одлучува самостојно дури и за најважните национални прашања.“

Накусо, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е фатен во уште една лага кога тврди дека Груевски „збор нема кажано“ за „францускиот предлог“.  Груевски уште во јули 2022 се изјаснил за предлогот на Франција и ЕУ, а постот на Груевски бил споделуван и од партиски активисти и фејсбук страници на ВМРО-ДПМНЕ.

Д. Е.

Tags: Александар НиколовскиНикола Груевски
Next Post

Груевски за ВМРО-ДПМНЕ: Треба да смислат квалитетна програма, а не ако СДСМ вика А ние да викаме Б

EVN

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

April 18, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Филипче и СДСМ да се разбудат од сонот и да почнат да бидат опозиција во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk