ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска: Неодамна протераните руски дипломати се обиделе да се вмешаат во стартешките национални интереси на државата

September 26, 2023 12:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска истакна дека тројцата руски дипломати кои неодамна беа протерани се лица кои работеле спротивно на дипломатските правила и се обиделе, односно сакале да се вмешаат во стратешки национални интереси на нашата држава.

Таа на денешната прес-конференција во Скопје со словенечкиот министерот за одбрана, Марјан Шарец одговарајќи на новинарско прашање посочи дека стратешката цел на државата е членство во НАТО и ЕУ и дека секој кој ќе се обиде да го попречи тој пат не може да биде пријател на државата.

-Што се однесува на последното протерување засега станува збор за лица кои работеле спротивно на дипломатиските правила, меѓутоа очигледно е дека со правилата согласно речникот на безбедносно – разузнавачките служби се обиделе или сакале да се вмешаат малку повеќе во стратешките национални интереси на нашата држава. Нашиот пат, патот на државата не само на оваа Влада, туку на државата во целина е многу јасен и многу пати досега сме изјавувале дека наша стратешка цел е членството во НАТО и ЕУ и секој еден кој ќе се обиде да го попречи тој пат не можеме да го сметаме за пријател, особено не ако тоа сака да го направи преку мешање во работата на институциите или кои било други субјекти во нашата држава, изјави министерката.

Додаде дека Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од вакви или слични влијанија.

-Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од било какви влијанија вклучително и на вакви злонамерни,  тоа се сите оние влијанија за кои сметаме дека се спротивни на нашите стратешки и национални интереси следствено на тоа сакам да ја поздравам и работата не само на военото разузнавање, туку и на другите безбедносно –  разузнавачки служби, кои очигледно добро си ја работат својата работа, закана од таков тип директно кон припадници на министерството или на Армијата не сме детектирале, увери Петровска.

Неодамна Министерството за надворешни работи на Северна Македонија потврди дека од земјата биле протерани тројца руски дипломати.

-На 12 септември, во Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Руската Федерација кому му беше врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје беа прогласени како непожелни во државата (persona non grata), беше наведено во соопштението на Министерството.

Tags: армијаПетровскаруски дипломати
Next Post

Косовските обвинители подготвени за соработка за случајот „Онкологија“, велат од ЈО

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk