ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Имаме амбициозен план за премин кон чисти технологии и напуштање на производството на струја од јаглен

September 29, 2023 13:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА

„Северна Македонија има амбициозен план за премин кон чисти технологии, и напуштање на производството на електрична енергија од јагленот, кое во моментот е најзастапено, преку концептот на стратешки инвестиции.  Во план се изградба на најголемиот агриволтаичен парк „Стипион“ од француската компанија ‘АКИО’ и проектен тим работи на овој проект, со капацитет од 400 MW, најголемиот ветерен парк, на кој исто така работи проектен тим, од 400 MW ‘Вирови’, од германската компанија ‘ВиПиДи’ и нова когенеративна електрана на природен гас од грчката компанија ‘Митилионеос’ на која исто така работи проектен тим“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање на отворањето на фотоволтаичната централа „ФЕЦ Новаци“.

Тој додаде дека овие проекти заедно со огромниот број на фотонапонски централи кои секојдневно се градат, ќе ни ја овозможат енергетската транзиција на среден и долг рок.

„Токму ние ја направивме првата енергетска транзиција на електрана на јаглен, во РЕК Осломеј. На постојната стара термоелектрана со капацитет од 120 MW, во моментот има изградено една фотонапонска централа од 10 MW на локацијата на стариот рудник и дополнително во фаза на градба се уште 100 MW од страна на приватни инвеститори“ рече Ковачевски.

Премиерот додае дека по истиот принцип, во финална фаза се и физибилити студии, за нови над 300 MW фотонапонски централи на стариот рудник во РЕК Битола, нашиот најголем производител на електрична енергија од јаглен.

„На локацијата во РЕК Битола, планирана е изградба и на комбинирана гасна централа, која во иднина ќе може да работи и на водород и на тој начин целосно ќе се исфрли јагленот од употреба. За ова веќе работиме со еден од најголемите американски гиганти во оваа индустрија и веќе се водат конкретни разговори. РЕК Битола ќе биде хибриден центар за производство на електрична енергија преку различни технологии за производство“ рече Ковачевски.

Tags: Димитар Ковачевскиелектрична енергијафотонапонски централичисти технологии
Next Post

Аналитичари: Средбата Ковачевски - Заев, може да има само бенефит за СДСМ

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk