ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ден на бранителите и бранителките на Украина: Борба за слобода и чување на илјадагодишната украинска воена традиција

October 1, 2023 10:47
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во 2023 година Украина за прв пат ќе го прослави Денот на бранителите и бранителките на 1 октомври, соопшти Амбасадата на Украина.

„Овој празник се одбележува во Украина на државно ниво од 2014 година во чест на храброста и херојството на бранителите и бранителките на независноста и територијалниот интегритет на Украина, воените традиции и достигнувањата на Украинскиот народ, како и за помагање на натамошното зајакнување на патриотскиот дух во општеството“, се вели во соопштението.

Почнувајќи од оваа година, Денот на бранителите и бранителките е поместен од 14 октомври на 1 октомври во врска со преминувањето на Православната црква на Украина и Украинската грчко-католичка црква на Новојулијанскиот календар. Сепак, овој празник се совпаѓа со празникот Покров на Пресвета Богородица, што не е случајно. Пресвета Богородица била многу почитувана кај Козаците, а Покровот за нив бил еден од најголемите празници, поради што го добил и своето второ име – Козачки Покров. Козачките традиции се негуваат и развиваат од страна на современите бранители и бранителки на Украина.

 

„Украинската армија ги чува традициите и имињата на хероите од минатите епохи – од воините на Кијивска Рус и козаците до сичовите стрелци и воините на Украинската востаничка армија (УПА). Затоа, во армијата се појавија имињата на легендарните украински полководци и прославените формации од минатото. Историјата на генерациите се одрази и во елементите на униформите – капата „мазепинка“, значка за ракав со трозабец. Слоганот „Слава на Украина! – На Хероите Слава!“ стана официјален поздрав на украинската армија“, пишува Амбасадата на Украина.

Понатаму, во соопштението на Амбасадата на Украина, се откриваат неколку податоци од поновата историја. За време на Украинската револуција од 1917-1921 година беа оживеани традициите на воената козачка заедница. Тие станаа основа за развој на Вооружените сили на Украинската Народна Република (УНР), Украинската држава и Западноукраинската Народна Република (ЗУНР). Пред сѐ, тоа може да се види во имињата на воените формации. Првата таква единица беше Украинскиот козачки полк „Богдан Хмељницкиј“, создаден во мај 1917 година.

Козачките воени традиции за време на Украинската револуција можат да се видат и во воената симболика (знамиња, ознаки), имиња на воена опрема (оклопни возови „Хортицја“, „Запорожец“, „Полуботок“ и други), имиња на бродови (крстосувач „Гетман Иван Мазепа“, воен брод „Запорожец“).

Воениот крстосувач „Гетман Иван Мазепа“

Во Втората светска војна, Украинците се бореа против нацизмот во редовите на Црвената армија, Украинската востаничка армија и во армиите на Сојузниците. Жителите од различни делови на Украина и Украинците од светот, кои биле во редовни армии или станале партизани, служеле во помошни формации или на фронтот, поминале низ целата војна или загинале во борбата, се бореле рамо до рамо со другите народи против нацизмот. Војниците на Украинската востаничка армија земале оружје во рака за да ги заштитат Украинците од двата тоталитарни режими – нацистичкиот и комунистичкиот.

„Денес, нашата армија стана една од најборбено способните армии во Европа, со речиси 10-годишно искуство борејќи се во модерната руско-украинска војна. За ова време извршивме и значајни реформи на Вооружените или, армијата се професионализира како една од најважните институции во државата“, се нагласува, меѓу другото, во соопштението на украинската амбасада.

Затоа, на Денот на бранителите и бранителките на Украина, можеме со сигурност да зборуваме за зачувување на илјадагодишните украински воени традиции и зајакнување на идеолошката компонента на патриотско образование на персоналот, што кај војниците формираше чувство на лична одговорност за одбраната на Украина.

Извор: Амбасада на Украина во РСМ

Next Post

(ВИДЕО) Бомбаш самоубиец се разнесе пред турското МВР во Анкара, вториот напаѓач е убиен во престрелка

НАЈНОВО

Пентагон го поддржа барањето за „Томахавк“ за Украина, Трамп треба да одлучи

October 31, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Трамп потврди дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа.

October 31, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ се извини за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk