ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Почна намалувањето на цените за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан

October 2, 2023 16:10
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Како значаен исчекор кон регионална соработка и достапност на мобилната комуникација, Декларацијата за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан, потпишана на самитот ЕУ-ЗБ во Тирана на 6 декември 2022 година, официјално стапи во сила и го означи 1 октомври 2023 година како ден на промените.

Како што соопштија денеска од Советот за регионална соработка  (СРС), по речиси една година заедничка работа, под покровителство и со поддршка на СРС и Европската Комисија, како и со политичка поддршка од ЕУ и ЗБ, телекомуникациските оператори, како од ЗБ така и од ЕУ, не само што ги исполнија одредбите од Декларацијата, туку во многу случаи и ги надминаа очекувањата.

Декларацијата за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан, се наведува, ги намалува трошоците за мобилни податоци и ја поттикнува регионалната поврзаност.

– Од овој октомври горната граница на цените за 1 ГБ податоци во роаминг, во рамки на посебните понуди и пакети, во согласност со Декларацијата за роаминг, не би требало да надмине 18 евра, со што меѓународните патувања и комуникацијата ќе ја направи значително поекономична. Во многу случаи ограничувањето на цената од 18 евра,  во рамки на посебните понуди и пакети, оди и значително пониско, до 1,6 евра за 1 ГБ, додека три оператори од Западен Балкан освен цените во рамки на пакетот, ги намалија дури и редовните цени за дополнителни  услуги, се појаснува во денешното соопштение.

– Ова го најавив речиси пред една година, со зборовите дека “цените на услугите  за роаминг меѓу ЕУ и ЗБ ќе паѓаат со есенските лисја” и, ако некој се сомневаше, мило ми е што денеска моите зборови го разведуваат. Овој клучен настан веќе ја менува сликата за размена на мобилни податоци за граѓаните и патниците. Успехот на Декларацијата за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан сведочи за моќта на регионалната соработка која ја менува комуникацијата на подобро и покрај соочувањето со сложени предизвици. Оваа пресвртница доаѓа во момент на политички тензии, економски превирања и се поширок спектар на климатски промени во регионот, со што уште повеќе се нагласува важноста на регионалната и евроатланска соработка, вели генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу во текстот „Повик од регионот во моите мисли: Премостување на јазот – роаминг револуција на Западен Балкан“.

Додека го славиме ова постигнување, нагласува таа, им оддаваме признание за посветеноста на сите вклучени страни, посебно на телекомуникациските оператори, и се радуваме заради подобро поврзаната, подостапна и попристапна иднина за сите.

– Еден од телекомуникациските оператори во Северна Македонија ја намали цената за 1 ГБ во рамки на некои од неговите роаминг пакети во земјите на Европската Унија до 66 проценти. Ценети сега се движат меѓу 3,8 до 4,9 евра за 1 ГБ во рамки на роаминг пакетот на ЕУ за корисници од Северна Македонија, што е значително под договорената горна граница за цената, стои меѓу другото во соопштението.

Граѓаните и бизнисите во Северна Македонијa, ќе плаќаат во просек една третина помалку од цената којашто сега ја плаќаат за дата податоци преку роаминг, кога патуваат во европските земји. Намалувањето на цените за дата податоци во роаминг, важат и за граѓаните од дијаспората и Европа, кога ќе претстојуваат во Северна Македонија, информираат од Владата.

Оваа Декларација има за цел значително намалување на надоместот за размена на податоци во роаминг меѓу Европската Унија и Западен Балкан. Целта е до 2028 година  цената на роаминг меѓу Европската Унија и Западен Балкан да се приближи до домашните цени.

Tags: ЕУЗападен Балканроаминг
Next Post

Заев му посака добредојде на Ципрас во Струмица

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk