За половина мандат Муцунски во Аеродром реализираше само лаги, истакна на прес-конференција Милутин Ристески, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на општина Аеродром.
Тој набројува „дел од ветените проекти кои требаше да ги заврши градоначалникот на Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во првата половина од мандатот.
„4 нови градинки – во населбите Мичурин, Острово, Лисиче и Долоно Лисиче; проширување на објектите на градинките Сонце и Лале; реконструкција на градинката во населба Лисиче; парк „Радост“ на 6.000 метри квадратни во Реонски центар; нова гимназија; нова општинска зграда; нов кружен тек меѓу Мичурин и Стар Аеродром; нов мулрифункционален центар со простории за младински центар; нов спортски центар „Пирин“ во населба Лисиче; нова спортска сала во Долно Лисиче; музеј на МЗТ; кино сала и театарска сцена во Ново Лисиче; еднократна помош за новороденче зголемена од 8.000 на 20.000 денари; стратегија за млади; стипендии за млади таленти во износ од 30.000 денари; спортски субвенции за млади во износ од 600 денари; завршени сите постапки за легализација до крајот на 2022 година“, вели Ристески.
– Половина мандат потрошен на лаги. Ова се Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром!, истакна на пресот Ристески.