„Србија секако ќе бара одговорност од сите луѓе кои извршиле криминални дејствија и се на наша територија. Тој е достапен и на наша територија и обвинителството ќе си ја заврши работата“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервјуто со Кристијан Аманпур за Си-Ен-Ен кое го пренесува Н1.
Тој посочи дека американските извештаи за собирот на припадниците на српската армија во близина на Косово „не се целосно точни“.
Сепак, тој додаде дека бројот е намален и дека на Србија не и требаат никакви војни и конфликти со НАТО, туку и одговара поголемо присуство на КФОР, особено на север.
Секогаш слушавме кога нашите партнери бараа од нас да ја деескалираме ситуацијата“, рече Вучиќ.
Претседателот на Србија изјави дека армијата ја следи ситуацијата на терен и оти ги придвижила силите бидејќи „тие верувале дека тоа може да биде најкорисно“.
Тој посочи дека не потпишал армијата да се подигне на повисок степен на готовност.
Србија е последната земја на која и требаа тие инциденти на Косово, сите можеа да видат дека Србија е конструктивен партнер, рече Вучиќ.
Тој ја обвини Приштина дека спроведува „постепено етничко чистење“ на северот, на што Аманпур изјави дека Европската унија и САД не се согласуваат со таа проценка.
Таа го потсети Вучиќ дека по преговорите во Охрид рекол дека не го потпишал договорот затоа што „го боли раката“, а на прашањето дали уште го боли или е подготвен за договор, Вучиќ тврдел дека Србија е конструктивна. а тоа го кажале и меѓународните претставници Јозеп Борел и Мирослав Лајчак.
Направив се што им кажав на нашите пријатели од САД и ЕУ дека ќе направам, а постои српски Устав и морам да го почитувам“, рече Вучиќ.
Запрашан дали го поддржува лидерот на Република Српска Милорад Додик и дестабилизацијата на Босна и Херцеговина, тој рече дека го поддржува Дејтонскиот мировен договор и територијалниот интегритет на БиХ и дека тоа никогаш не го доведувал во прашање.
Аманпур го праша Вучиќ и за тоа што тенисерот Новак Ѓоковиќ на камера по меч напишал „Косово е срцето на Србија“, а претседателот на Србија оцени дека Ѓоковиќ го напишал „од срце“ и дека ова мислење го делат 99 проценти од Србите.
Во неделата на 24 септември дојде до вооружен конфликт меѓу група Срби, предводена од поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ, и косовската полиција во селото Бањска на северот на Косово. Во таа прилика беа убиени еден косовски полицаец и тројца Срби.
Радоичиќ во писмената изјава што ја прочита во јавноста неговиот адвокат, ја презеде одговорноста за конфликтот во Бањска, тврдејќи дека властите во Белград немаат никаква врска со тоа.
Официјални лица во Приштина, пак, тврдат дека зад нападот на косовската полиција во Бањска стои режимот во Белград, а групата на Радоичиќ, меѓу другото, била обучувана на воениот полигон Пасуљанска ливада во централна Србија. Војската на Србија тоа го демантира.
На изјавата на Вучиќ дека српското обвинителство ќе си ја заврши работата, преку Твитер објава му реплицираше адвокатот Чедомир Стојковиќ од Групата Октомври – Слободарски сојуз за слободна Србија, кој посочи неколку случаи каде обвинителството не си ја завршило работата:
Вучиќ за Си-Ен-Ен за Радоичиќ: „Обвинителството ќе си ја заврши работата“.
Но ниту обвинителството не си ја заврши работата во случајот:
– Уривање на СНС во Савамала
– убиствата на Оливер Ивановиќ
– убиства на адвокатот Миша Огњановиќ
– мобилизацијата на Вагнер групата во Србија
– одземање на државно земјиште за Белград на вода;
– дивоградби на Копаоник;
– итн.
Vučić za CNN o Radoičiću: “Tužilaštvo će uraditi svoj posao”.
Ali tužilaštvo nije uradilo svoj posao ni u slučaju:
– SNS rušenje u Savamali
– ubistva Olivera Ivanovića
– ubistva advokata Miše Ognjanovića
– mobilizaciji Wagner grupe u Srbiji
– otimanja državnog zemljišta za…— Advokat Čedomir Stojković 🇷🇸🇺🇦 (@FIGHT_4_RIGHT_S) October 3, 2023
Според неговата предходна Твитер објава, Александар Вулин и Александар Вучиќ се организатори на нападот на Косово, а Милан Радоичиќ е дел од Безбедносно-информативната агенција на Србија (БИА).
„Нема шанси М. Радојичиќ НИШТО да направи без знаење и дозвола на Александар Вучиќ!“ – тврдеше Стојковиќ во објавата на Твитер.
Д. Мишев / Цивил Медиа