ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски од Гранада: Проширувањето е високо на агендата на ЕУ, унијата се подготвува за прием на нови членки

October 5, 2023 13:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на третиот Самит на Европската политичка заедница во Гранада, Шпанија даде изјава за медиумите, во која се осврна на важноста на овој трет Самит во однос на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија и регионот и ги посочи ставовите кои денеска ќе ги пренесе во рамки на тркалезната маса на Самитот, каде ќе говори за дигитална транзиција и вештачка интелигенција.

Во продолжение ви ја пренесуваме интегрално изјавата на премиерот Ковачевски:

„Јас денес ја претставувам Северна Македонија на овој исклучително важен состанок на европската политичка заедница. Тука се практично претставници на сите земји од Европа, без Русија и Белорусија. Една од главните теми која што е од најголемо значење за нас е и проширувањето на ЕУ, Вие знаете дека после долго време на агендата на ЕУ е проширувањето. Ќе разговараме нормално и на теми кои се однесуваат на дигитализацијата и на воведувањето на вештачката интелигенција сѐ со цел да се подобрат услугите за граѓаните и тоа ќе биде една од работните средби на кои што јас ќе учествувам заедно со премиерите на Франција, на Италија, на Обединетото Кралство, на низа други, на претставникот на Европскиот парламент, на Европската комисија.

Исто така, значајно е што утре ќе биде одржан и неформален состанок на Европскиот совет на кој ќе се разговара токму на прашања кои се значајни за нас, а тоа е пред сѐ мирот и безбедноста во Европа, поддршката на Украина но и проширувањето на Европската Унија. Како што најави и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел пред повеќе од еден месец, веќе во рамки на ЕУ се води дебата во однос на подготовката на ЕУ за прием на нови членки од една страна и од друга страна се процесите за пристапување кои што самите земји членки ги имаат со Европската Унија.

Ние мислам дека се наоѓаме во одлична позиција со оглед на тоа дека минатата година ги отпочнавме преговорите со ЕУ. Од друга страна ЕУ има стратешки интерес и веќе отворен процес за свое прилагодување коешто е паралелен процес во однос на тоа дека ќе треба да функционира во иднина со земји кои што имаат поголем број од сегашниот. Што значи дека ќе постои динамика и на страната на земјите кандидати за членство, пред сѐ мислам на земјите од Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија, меѓутоа и динамика внатре во ЕУ во однос на прилагодување на функционирањето на повеќе земји членки.

Веќе е јасно на сите дека Германија и Франција имаат изработено работен документ којшто и се однесува на тие стратешки промени кои треба да се направат. Јас тоа не можам да го коментирам во моментот, бидејќи се работи за работен документ кој не е финален и затоа ќе оставам тие да го комуницираат иако го имам видено и сметам дека тоа што стои во самиот работен документ е позитивно за нашата држава и земјите во регионот.

Се надевам на успешни состаноци ќе имам и билатерална средба со премиерот на Холандија, премиерот на Ирска и потпретседателот на Европската комисија“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГранадаЕУКовачевскиСамит

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk