ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ние сме важни за идентитетот, а не идентитетот за нас

October 6, 2023 10:10
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Мешани впечатоци имам по читањето на студијата на Едгар Џозев за решавање на идентитетските прашања во бугарско-македонските релации со помош на гаранции што за македонскиот идентитет би ги дале САД и тоа со историски аргументации што ќе се формулираат преку работата на македонско-американска историска комисија што во меѓувреме ќе треба да се формира.

Ниту во еден момент не се посомневав во стручноста, компетентноста и добронамерноста на Џозев кого го паметам по феноменалната и победничка конфронтација со тогашниот македонски премиер Георгиевски, мислам дека беше во Холидеј ин.

Во принцип ја поддржувам идејата за категорична американска интервенција во одзатнување на каналите на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, можеби и низ работа на комисијата за која се залага. Меѓу другото и за спречување на руските влијанија и пенетрации на Балканот.

Но!

Историјата е најслабото оружје кое Македонецот може да го одбере во двобојот со Бугаринот. Дури и со Америка како секундант. Многу е важно тука да градиме свест за тоа наместо да се пуваме со славата која можеше да функционира во времето на Југославија и блоковската поделба на светот, но во отворениот свет амбициран да се преуреди до уништување- не!

Второ, ние треба да ја заборавиме Бугарија како проблем додека тука го имаме вмро-дпмне како проблем. Точно е дека тоа се два краја на еден ист стап, но ако треба да почнеме да го делкаме, мораме да почнеме од вмро не само затоа што денеска е во состојба да ја кочи Македонија и да го диктира оглупавувачкиот дискурс и од нацијата да прави подплеменска структура а од државата резрват на оглупавена и десубјективизирана маса, туку и затоа што тоа и во историска и во актуелна смисла е бугарска фирмација формирана не само за ослободување на Македонија како внатрешно прашање туку и за утврдување на тоа прашање како бугарско.

Во етничка и национална смисла.

Самото постоење на вмро го проблематизира до крајни граници македонскиот национален идентитет и државотворен капацитет.

Нè декапацитира и десубјективизира.

Трето, вклучувањето на САД во темата за националниот идентитет, освен позитивни ефекти на кои сите се надеваме, може да има и негативни, такви кои ширењето на интересот за идентитетот де факто го проблематизираат.

Ќе се согласите дека прашањето за Бугарите во Уставот нема супстанца со која можат да се врзат трагичните последици кои ќе се случат ако таа работа не помине односно уставните измени не се случат. Тоа прашање е поставено не за да се внесат Бугарите во Уставот туку за да се изнесе Македонија од европскиот пат. Да се исфрли од историјата. Да се самоубие.

Европа со право мислеше дека тоа е најголема отстапка за Македонија, но тие заборавија дека ние имаме вмро кое ќе ја доигра блокирачката позиција на Бугарија. Тие немаат одговор на прашањето зошто ги блокираат уставните промени. Изгледите на нови бугарски барања тоа не се, затоа имаме добиено гаранции дека нема да ги има, но и да ги има Македонија може во секој момент во таков случај да излезе од преговарачкиот процес. Освен тоа одбивањето на рамката и на уставните промени не се никаква гаранција дека Бугарија нема да постави нови услови.

Како што идејата дека вмро ќе испреговара подобри услови не е сосема без врска затоа што тие нови подобри услови ќе го легитимираат и утврдат како фактор на кого можат да се потпрат Македонците.

Пред да станат Бугари.

Хахаха!

Наместо тоа јас го предлагам потешкиот пат: Македонија и Македонците да се соочат со вистината за својата историја, за бугарските аспекти на таа историја и во неа, такви какви што биле, мораме да се ослободиме од притисокот на идентитетските прашања кои ја загрозуваат не само иднината туку и сегашноста на нацијата и на државата.

Македонскиот државен и национален проект може да пропадне не во нападите на комшиите туку во нашата одбрана.

Ние сме важни за идентитетот, а не идентитетот за нас.

Не случајно вмро не тероризира со таа тема. Тоа е дел од изведбата на совршеното убиство.

Нашето разбирање на Македонија е мазохистичко.

Македонија не тероризира со себе.

Нè држи како робови.

Мораме да се ослободиме.

Тоа е битта на идентитетот.

А не дали пред 44 сме се изјаснувале како Бугари.

Тоа не значи дека сме биле.

А и да сме биле- што од тоа!

Само треба да бараме оштета што Мајка Бугарија нè оставила да страдаме под режимот на Тито додека тие уживале во слободата на Сталин, Хрушчов, Брежњев, Черненко, Андропов и Живков


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: Бранко Тричковскивмроидентитет
Next Post

Албански медиуми: Во Тирана состанок на МНР на земјите од Берлински процес; Османи бара одговорност од Србија за терористичкиот напад; сценариото може да се повтори

Најново

Зисовска Апостолска: Нема врвен резултат доколку спортот не е безбеден за сите негови учесници

April 30, 2026

Македонските ученици од СТЕМ Академија освоија пет награди на меѓународниот натпревар по роботика во Атина

April 30, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис (30 април): Продлабочување на хармонијата и префинетоста

April 30, 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk