ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Османи: Регионот мора да ги засили напорите за реализација на внатрешни реформи

October 6, 2023 13:52
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Берлинскиот процес еволуираше во водечка платформа за регионална соработка која носи голема политичка и економска тежина и служи како движечка сила за регионалната соработка, но и му помага на регионот да ја оствари својата стратешка цел – целосна интеграција во Европската Унија, рече шефот на дипломатијата Бујар Османи во обраќањето на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите учеснички на Берлинскиот процес во Тирана.

Како што соопшти МНР, осврнувајќи се на проширувањето, Османи кажа дека охрабрувачки е што внатрешната дебата на ЕУ за ова прашање и начините како да се олесни тоа добива на темпо и квалитет.

Во тој контекст, посочи тој, најавата за новиот План за раст за Западен Балкан, треба да биде насочен кон зголемена конвергенција со ЕУ, преку овозможување пристап до клучните двигатели на растот, како што се Единствениот пазар и финансиската помош.

Регионот мора да ги засили напорите за реализација на внатрешни реформи, зајакнување на регионалната соработка и дополнително зајакнување на добрососедството. Заедничкиот регионален пазар не само што останува драг на нашите срца бидејќи беше инаугуриран за време на нашето заедничко претседавање со Бугарија со иницијативата во 2020 година, туку што е уште поважно, го гледаме како клучен елемент за економскиот раст на регионот и чекор поблиску до единствениот пазар, нагласи Османи.

Потпишувањето на трите договори за мобилност, за време на минатогодишните состаноци во Берлин, е од големо значење. Како депозитар, Северна Македонија е посветува особено внимание на значењето на нивното спроведување и на практичните придобивки што тие ги носат за нашите граѓани, стои во соопштението на МНР.

Tags: внатрешни реформиОсманирегион
Next Post

Трамп осомничен дека издавал чувствителни информации за американските нуклеарни подморници на странски државјанин

Shortcut

Најново

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk