ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сунак: Велика Британија распоредува сили во источниот Медитеран за да го поддржи Израел

October 12, 2023 20:51
in ДЕНЕС, СВЕТ

Велика Британија ќе испрати авиони за набљудување и два брода на Кралската морнарица во источниот Медитеран „за поддршка на Израел“, соопшти денеска Кабинетот на премиерот Риши Сунак

„Премиерот побара воени средства на Велика Британија да бидат распоредени во источниот Медитеран за поддршка на Израел, зајакнување на регионалната стабилност и спречување на ескалација“, се вели во соопштението.

Авионите за поморска патрола и надзор ќе почнат да летаат во регионот од утре „за да ги следат заканите за регионалната стабилност како што е трансферот на оружје на терористичките групи“.

„Во меѓувреме, работната група на Кралската морнарица ќе биде преместена во источниот Медитеран следната недела како вонредна мерка за поддршка на хуманитарните напори“, се посочува во соопштението.

„Распоредувањето на нашата војска од светска класа ќе ги поддржи напорите за обезбедување регионална стабилност и спречување на понатамошна ескалација“, рече Сунак во изјавата.

Британскиот премиер се очекува утре да разговара со северноевропските лидери за ситуацијата во Израел на самит во Шведска.

Tags: Велика БританијаизраелСунак
Next Post

(ВИДЕО) Хеликоптер на МВР исфрли над десет тони вода врз пожарот во село Блаце

НАЈНОВО

Исак го обвини раководството на Њукасл дека ги крши ветувањата

August 20, 2025

Започнува 22. Меѓународeн салон за стрип „Велес 2025“

August 20, 2025

Салах е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата по рекорден трет пат

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk