ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Арсовска прво ја фалеше, а сега вели дека не била задоволна од работата на Мазнева

Јас како градоначалничка кажав дека не е загарантирана ниту една позиција доколку не се реализира програмата на Град Скопје, вели Арсовска за разрешувањето на Косана Мазнева-Николиќ од директорското место на ЈП Комунална хигиена Скопје

October 13, 2023 16:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, само три месеци откако ја пофали за работата, сега вели дека ја разрешила директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје Косана Мазнева-Николиќ затоа што не била задоволна од нејзината работа. Според неа, од страна на директорката Мазнева не била реализирана програма „За модерно Скопје“ и затоа вчера била разрешена.

Мазнева-Николиќ е 37-от директор што Арсовска го разрешува откако е дојдена на функцијата градоначалник, односно од ноември 2021 година.

„Јас како градоначалничка кажав дека не е загарантирана ниту една позиција ако не се реализира програмата на град Скопје и она е тоа што го правиме во моментов. Даваме шанса на некој кој веруваме дека во следниот шестмесечен период ќе ги реализира нашите програми“, рече Арсовска одговарајќи на новинарско прашање при потпишувањето Меморандум за соработка со Националната установа Спомен-куќа на Мајка Тереза.

Вчера Мазнева потврди дека не е повеќе на функцијата, но рече дека не ги знае причините.

„Точно е, разрешена сум од директорското место. Причините не ги знам, не ми беа соопштени, ниту пак сум се сретнала со градоначалничката Арсовска. Единствено, ме повикаа службите од град Скопје да си го подигнам решението“, изјави Мазнева за Мета.мк.

Пред само три месеци, за време на штрајкот во ЈП Комунална хигиена Скопје, Арсовска излезе на прес-конференција заедно со Мазнева и рече дека нема да дозволи никој да зборува против неа.

Арсовска рече дека нема да дозволи да ја направат Мазнева виновна за било што, оти таа „се нафатила да се справува со 1.400 вработени, во претпријатие кое било во заложништво на стотина ликови, семејно поврзани, а оние што ги водат се мафијаши“.

„Треба да го поздравите тоа што некој се справува со овие мафијаши после повеќе од 30 години. Оти немало маж доволно силен да се справи со сите нив. Нема повеќе мафијаши да нè уценуваат“, рече тогаш Арсовска.

Нов в.д. директор на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје е Гоце Трајковски, а неговиот мандат е шест месеци, по што Арсовска треба да одлучи дали ќе му го продолжи договорот.

Извор: Мета.мк

Tags: Данела АрсовскаЈП Комунална хигиена – СкопјеКосана МазневаРазрешување
Next Post

Ковачевски: Изборите ќе бидат редовни, за тајмингот може да се разговара

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk