ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕУ и САД се загрижени по најавата за учество на поранешни членови на ДФ во владата на Црна Гора

October 13, 2023 09:44
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија и САД синоќа се огласија откако стана извесно дека новата влада ќе биде формирана со учество на поранешните членови на Демократскиот фронт (ДФ), посочувајќи дека на Црна Гора и треба проевропска, стабилна, функционална и способна влада.

САД истакнаа дека се многу загрижени поради информациите дека новата владејачка коалиција во Црна Гора би можела да биде составена од партии и лидери кои активно се противат на евроатлантските вредности.  Тоа синоќа за „Вијести“ го изјави американската амбасадорка во Црна Гора, Џуди Рајсинг Реинке, одговарајќи на прашањето како гледа на евентуалното формирање малцинска влада што би била поддржана од парламентот, без учество во неа,  од коалицијата „За иднината на Црна Гора (ЗБЦГ), која ја сочинуваат поранешни членови на ДФ -а, и дали би соработувала со таква власт.

– Реалноста е дека учеството во владата на групи или лидери кои одбиваат да ја осудат руската агресија, одбиваат да се залагаат за правата на Украина, одбиваат да ги поддржат санкциите на ЕУ против Русија, одбиваат да ги заштитат правата на малцинствата и одбиваат да го почитуваат суверенитетот на соседните земји како Косово, драстично ќе ги попречи напорите на Црна Гора во остварувањето на нејзините европски аспирации, рече Рајзинг Рајнке.

Таа изјави дека ставот на САД за формирање влада не е променет.

– Поддржуваме брзо формирање влада која е посветена на евроатлантските вредности, која ја претставува мултикултурната Црна Гора, е сигурен сојузник на НАТО, силно ја поддржува Украина и продолжува активно да работи на интеграција во Европската унија, потенцираше амбасадорката.

Коалицијата ЗБЦГ, според последните информации, треба да го поддржи кабинетот на Движењето Европа сега (ПЕС), Демократска Црна Гора, Социјалистичката народна партија (СНП) и две коалиции на албанските партии – Албанскиот форум и Албанската алијанса. За возврат, таа треба да ја добие функцијата шеф на парламентот, што, меѓу другото, ќе и овозможи да стане член на Советот за одбрана и безбедност и со тоа да пристапи до податоците на НАТО.

ЗБЦГ се спротивстави на членството на земјата во Алијансата, како и на санкциите на Европската Унија против Русија, кои ги воведе и Црна Гора.

Делегацијата на ЕУ во Подгорица соопшти дека на Црна Гора и е потребна проевропска, стабилна, функционална и способна влада која ќе го задржи стратешкиот пат на земјата кон ЕУ и ќе ги спроведе реформите од агендата на ЕУ за да напредува кон пристапување.

„Очекуваме дека Црна Гора ќе продолжи да биде целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, покажувајќи ја посветеноста на земјата кон стратешките насоки на ЕУ“, соопшти Делегацијата.

Делегацијата наведува дека членството во ЕУ останува стремеж на огромното мнозинство граѓани на Црна Гора и дека е од клучно значење сите политички сили да работат одговорно за да се потврди консензус и напредок во овој поглед, бидејќи, како што велат, драгоцено време е веќе изгубено.

„Европската комисија сака да види воспоставување на стабилно и реформско мнозинство во Парламентот. Истото тоа мнозинство мора да биде склоно да изгради сојуз со опозицијата и да постигне консензус за клучните реформи на ЕУ“, велат од Делегацијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаЕУСАДЦрна Гора
Next Post

Повеќе од 600 луѓе во Нигерија починале од дифтерија

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Фото: Скриншот

Бајден го заврши циклусот на радиотерапија за агресивен рак на простата

October 21, 2025

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk