Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ќе се појави пред судот во Њујорк во третата недела од судењето за граѓанска измама.
Во тужбата поднесена од демократскиот њујоршки јавен обвинител Летиција Џејмс се тврди дека Трамп незаконски стекнал стотици милиони долари преку преценување на вредноста на својот имот во документите што ги доставил до банките.
Трамп го негираше тоа и ги бранеше спомнатите проценки, истакнувајќи дека случајот е „измама“ и ја нападна Џејмс и судијата што го води случајот.
Г. Т.