ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Двојни избори, аналитичари: Уставните измени се приоритет за европскиот пат на државата!

October 19, 2023 15:35
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународните пријатели на Северна Македонија се изјаснија и продолжуваат да изјавуваат дека сега е моментот политичките елити во земјата да одлучат за европската иднина на земјата. „Да се избере помеѓу изолација и европска перспектива“.

Сите граѓани на државата ги слушнаа овие повици и продолжуваат да ги слушаат секојдневно, но единствените кои не сакаат да ги слушаат се опозициските партии.

Од една страна, опозициската ВМРО-ДПМНЕ го блокира процесот на уставни измени, а со тоа и патот на Северна Македонија кон Европската Унија. Од друга страна, опозициските партии на Албанците, Движењето БЕСА, Алтернатива и Демократското движење ги условуваат уставните измени со отстранување на 20 проценти како уставна категорија за албанскиот јазик. Мицкоски повторно се огласи со нова понуда до парламентарното мнозинство за двојни претседателски и парламентарни избори напролет следната година.

Но, дали е можен политички компромис меѓу власта и опозицијата за вакво големо стратешко прашање за државата?

Исмет Рамадани
Исмет Рамадани

Исмет Рамадани од Евроатлантскиот совет на Северна Македонија вели дека опозицијата во однос на уставните измени се однесува крајно ирационално.

– Таа веќе подолго време се однесува самоизолирана со тоа дека за неа ништо не значат пораките кои доаѓаат од ЕУ и САД кои се експлицитни дека не треба да се пропушти оваа шанса која ни овозможува реални шанси за членство во ЕУ. Треба да бидеш ептен инфантилен политичар да немаш сенс во какви геополитички поместувања опонираш на сојузниците во НАТО каде припаѓаме и ние. Ваквото однесување, посебно на Мицковски и неговото ВМРО-ДПМНЕ налага конспиративно сомневање од каде се црпат вакви антизападни и антиалбански ставови завиени со бугарски диктат. Мицковски уште малку има време да размисли и да се ослободи од стегите на одредени кругови на субверзивно руско- бугарско влијание. Во спротивно ќе му се случи изолација која многу ќе му наштети лично на него, на партијата и што е најлошо ќе има последици за државата која тој многу ја ,,сака”, изјави Рамадани за Фронтлајн.

Ацо Кабранов
Ацо Кабранов

Долгогодишниот новинар и политички коментатор Ацо Кабранов смета дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го промени ставото оклу уставните измени.

– Мислам дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да го промени ставот околу уставните измени. Мицкоски ќе остане на НЕ за уставни промени под како што тој тврди бугарски диктат, вели Кабранов во изјава за Фронтлајн.

Што се однесува до опозиционата тројка на партиите на Албанците, Изет Меџити, Африм Гаши и Билал Касами, Кабранов констатира дека тие ја играат улогата на портпароли на Мицкоски, уставните измени да бидат блокирани, држејќи на ветувањето на Мицкоски дека ќе ги зема во влада по изборите.

– Само така може да го испратат ДУИ во опозиција, на избори немаат никакви шанси да го победат, смета Кабранов.

Фото: Алек Ризински

Од друга страна, евроамбасадорот Дејвид Гир порача дека има многу силна поддршка за европската иднина на државава и изрази надеж дека државава ќе се придвижи напред со усвојување на уставните измени и спроведување на реформите. Гир нагласи дека следните чекори на евроинтеграцискиот пат се одлуки што треба да ги донесат политичките чинители во земјава, а не Советот на Европската унија или земјите членки на ЕУ.

– Има многу силна поддршка за европската иднина на Република Северна Македонија и од институциите на ЕУ, но исто така и од земјите членки на ЕУ. Како што знаете со последната одлука што беше донесена во јули 2022 година имаше еден европски предлог што беше усогласен и всушност беше можност за отворање на пристапните преговори со вашата земја. Од друга страна, ова беше можност земјата да се придвижи напред и се разбира за да се придвижи треба да се усвојат уставните измени. Навистина искрено се надеваме дека земјата ќе може да се придвижи напред со усвојување на уставните измени, исто и со спроведување на реформите што всушност се дел на европскиот интегративен пат на вашата земја. Што се однесува на следните чекори, се разбира дека тие се одлуки коишто треба да се носат од страна на вашата земја, на политичките чинители, не е на Советот на ЕУ, ниту од земјите членки на ЕУ, изјави Гир.

Владејачката СДСМ смета дека двата изборни циклуса треба да бидат одвоени, но отворена е за разговор околу термините, додека за опозициската ВМРО-ДПМНЕ прифатливо е истовремено одржување на изборите, а како можен термин го предлагаат 8 мај.

Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски

Премиерот и лидер на СДСМ – Димитар Ковачевски вели дека датумот на изборите мора да го договорат сите политички партии, а не само две, и дека работните групи на партиите мора да го договорат датумот на изборите и сите други детали поврзани со него.

– Датумот на изборите е тема на разговор меѓу сите политички партии, не само двете. И Изборниот законик и одржувањето на изборите се прават согласно закон и Уставот, согласно мандатите. Годинава имаме карактеристични избори, бидејќи имаме и претседателски и парламентарни, рече Ковачевски.

Интервју на Фронтлајн со Бујар Османи. Фото: Ангел Ангеловски/ ЦИВИЛ

Потпретседателот на ДУИ и актуелен министер за надворешни работи Бујар Османи, датумот за одржување на претседателските и парламентарните избори ќе биде производ на дијалогот меѓу политичките партии, на кој треба да се гледа во контекст на уставната реформа, а не од аспект на партиските интереси.

– ДУИ е најмалку загрижена во однос на термините како можност да се помогне позицијата на партијата бидејќи во кое било време нашата позиција е добра. Мислам дека тоа треба да го гледаме во контекст на уставната реформа отколку во контекст на тоа како политичките партии ќе имаат интерес за кој било датум, рече Османи.

Арбен Таравари
Арбен Таравари

Претходно, и претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари предложи претседателските и парламентарните избори да се одржат на ист датум.

– За Македонија како сиромашна држава подобро е овие избори да се одржат заедно, на ист датум, и да не се двојат. Против идејата сум во декември да има парламентарни, па во март претседателски. Исто сум против и за опцијата претседателски во март или април, а во јуни или јули парламентарни, рече Таравари.

Во меѓувреме, парламентарното мнозинство се огласи дека е подготвено за дијалог, но сепак, не прифаќа двојни избори. За партиите од парламентарното мнозинство, приоритет останува одобрувањето на уставните измени и продолжување на европскиот пат на земјата.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУопозицијауставни измени

НАЈНОВО

Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

June 5, 2025

Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Моника Зајкова. Фото: Ангел Ангеловски

    ИНТЕРВЈУ со Моника Зајкова: На Македонија и треба ЕУ и една изборна единица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „победата” и се кратки нозете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk