ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Новата влада на Црна Гора ќе биде формирана до крајот на месецов, 11 партии потпишаа коалициски договор

October 20, 2023 09:36
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на 11 политички партии вчера потпишаа коалициски договор за формирање нова влада во Црна Гора. Следен чекор е да се закаже седница на црногорскиот парламент, а според сознанијата на РТЦГ не е исклучено на 26 октомври да се избере ново раководство на Собранието, а потоа и нова влада.

Како што јавува Радио Слободна Европа, и покрај противењето на американските и европските партнери, силите на прорускиот поранешен Демократски фронт (ДФ) ќе бидат дел од новата црногорска влада на Милојко Спајиќ.

Имено, според договорот за формирање влада, ДФ ќе ја поддржи малцинската влада во парламентот, а кон крајот на следната година преку реконструкција и официјално ќе стане дел од неа. Освен тоа, на чело на Собранието ќе биде и еден од лидерите на ДФ, Андрија Мандиќ, наведува РСЕ. Партиите од ДФ поддржуваат укинување на санкциите против Русија, не ја признаваат независноста на Косово, се противат на членството на Црна Гора во НАТО, го негираат геноцидот во Сребреница…

Владата ќе има претседател, четворица потпретседатели и 18 министри.

Движењето Европа на Спајиќ сега, покрај премиерската функција, ќе има и 10 министри, меѓу кои за надворешни работи, европски прашања, правда, финансии, здравство, енергетика, урбанистичко планирање, транспорт, образование и социјална заштита.

Покрај двете потпретседателски места, Демократите ќе добијат и четири министерства – внатрешни работи, одбрана, туризам и екологија, култура и медиуми.

Просрпската Социјалистичка народна партија ќе ги задржи двата ресора – земјоделството и шумарството, како и спорт и млади кои моментално ги покрива во владата на Дритан Абазовиќ.

Албанските партии ќе ги задржат и двете министерства што ги водат во актуелната влада, човековите и малцинските права и јавната администрација. Тие ќе добијат и вицепремиер.

Проруските партии кои го сочинуваат Демократскиот фронт на почетокот нема да бидат дел од Владата. Според договорот што го потпишаа со претседателот и другите партии, во Владата ќе влезат подоцна, до крајот на следната година. Потоа ќе добијат едно потпретседателско и четири министерски места – транспорт, образование, туризам и урбанизам. До преземање на овие министерства, ДФ ќе има државни секретари во нив.

Tags: ВладаДоговорЦрна Гора
Next Post
Фото: ФБ

Вјоса Османи со амбасадорот на САД и новата шефица на УСАИД – за состојбата во Косово и билатерaлните односи

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk