ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Марк Јорна за Поглавје 11 – Земјоделство и Рурален развој: Продолжете со добрата работа!

October 24, 2023 09:41
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 16 до 18 октомври во Брисел тема на скрининг средбите беше Поглавје 11 – Земјоделство и рурален развој.

Сесиите беа поделени по различни сектори, а излагањата на тимот од МЗШВ, Платежна Агенција и Државниот инспекторат за земјоделство, како и претставникот на ДКСК според агендата поделени во трите дена.

Преглед на земјоделската стратегија, финансирање и мерки за поддршка, планови за усогласување на нашето, со правото на #ЕУ, национална поддршка за рурален развој, беа дел од првиот ден на скринингот. Во таа насока МЗШВ информираше за активностите:

-Го донесовме правилникот за вкрстена сообразност и кај новиот модел за субвенционирање преку повеќе нивоа на проверки ја зголемивме и контролата на исплата, намалувајќи ја можноста за злоупотреби на субвенциите.

-Креиравме програма со која го поддржуваме откупот на свежо домашно овошје, обезбедувајќи здрава ужинка за секое дете.

– Активно работиме во зголемување на капацитетот на Платежната Агенција.

– Преку интегриран систем на администрација и конторла ИАКС се врши спроведувањето на мерките за директни плаќања. Овој систем обезбедува усогласено функционорање и размена на податоци меѓу #МЗШВ, #АФПЗРР и #АХВ.

Земја лидер сме во искористеност на #ИПАРД со досега искористени 98% од средствата, нула евра вратени европски пари и први во регионот запожнавме со реализација на #ИПАРД 3 програмата.

Ова е само дел од напредокот, кој на првиот ден од скринингот за Поглавје – 11 го презентираше делегацијата од Република Северна Македонија, пред експертите на Европската Комисија во Брисел.

Вториот ден продолжи со приложување на резултатите од сработеното во земјоделството пред #ЕК во Брисел. 🇪🇺

Македонското вино е нашата најголема национална гордост.

-13 земја во светот сме по девизен прилив од извоз на вино.

-Испишавме историја со над 200 мали семејни винарии.

-За уште поголеми резултати подготвивме и нов Закон за вино, целосно усогласен со европските регулативи, и 10 годишна стратегија за виното по сектори.

-Од 2017 до денес за поддршка на винариите за учество на меѓународни саеми, сме издвоиле повеќе од 1 милион евра.

-Покрај редовните субвенции, земјоделците ги помагаме со програмата “здрав оброк за секое”, за која издвоивме 40 милиони денари со кои ќе се откупат 880.000 килограми свежо сезонско овошје.

Активно работиме на промоција на нашето, традиционално, македонско. Локалните манифестации се од исклучително значење за државата во промоција на убавите домашни прoизводи. Оваа година за нивна подрршка обезбедивме буџет од 10 милиони денари, за што повеќе локални настани низ државата.

Успешно го организиравме и вториот Национален саем за храна и пијалоци “Вкуси ја традицијата”, со над 400 производители и над 2000 производи.

Нашето македонско вино, сирење, млеко, органски производи, традиционални специјалитети ги промовираме и на бројните светски саеми. Целта ни е да го покажеме нашето богатство и потенцијал за развој што го имаме под ова македонско сонце.

Нашата делегација со детални презентации за земјоделските пазари, политиките на квалитет, органското земјоделство и промоцијата на земјоделските производи.

Усогласувањето на законодавството и имплементацијата на стандардите на ЕУ за ова поглавје, значи модерно и конкурентно земјоделство и квалитетни производи кои ќе можат да се пласираат на европскиот пазар.

Со имплементација на стандардите на ЕУ ќе имаме конкурентно земјоделство на европскиот пазар. Денес во Брисел завршува тридневниот билатерален скрининг за Поглавје 11: Земјоделство и рурален развој, дел од Кластер 5 – Ресурси, земјоделство и кохезија.Во текот на овие три дена македонската делегација пред експертите на Европската Kомисија реализираше над 40 презентации во врска со постојната законска рамка во областа на земјоделството и руралниот развој, интервенциите на земјоделскиот пазар, системите за контрола на квалитетот на земјоделските производи, трговските механизми, спроведување на анти-кризните мерки како и многу други аспекти кои го регулираат пласманот на земјоделските производи во нашата земја.

Марк Јорна, скрининг-координаторот за Северна Македонија и експерт за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија, на последниот ден од сесијата се заблагодари на ангажманот и професионалноста на тимот и покрај сугестиите за побрзо прилагодување на секторот со Заедничката земјоделска политика на ЕУ, кратко порача – Продолжете со добрата работа!

Преземено: Агротим.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: виноИПАРДкластер 5марк јорнамеркиПоглавје 11поглавје земјоделствоскрининг
Next Post

Две признанија и една закана во една реченица

НАЈНОВО

Фото: Општина Кочани

Денови на кочанскиот ориз 2025 – во симболично издание

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: СДСМ води црна кампања, со монтажи и спинови, да не дозволиме повторно да бидат власт

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk