ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Дезинформации и факти: Дали Турција и Иран му објавија војна на Израел?

October 30, 2023 13:17
in PMD, АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Додека војната меѓу Израел и Хамас се заканува да се прелее во поширокиот регион, некои корисници на социјалните мрежи тврдат дека соседните земји му објавиле војна на Израел, вклучувајќи ги Турција и Иран.

Видеото на кое наводно се гледа како Турција движи воен брод кон Газа за да ги одбрани Палестинците од израелските напади, беше широко споделено на социјалната медиумска платформа Х, (порано Твитер), во текот на изминатите неколку дена.

„Турција придвижи воен брод кон Газа бидејќи тие рекоа дека ќе ја бранат Газа од Израел затоа што тензиите на Блискиот Исток се зголемуваат.  Ова станува интересно“, пишува во еден Твит.

Тврдењето доаѓа откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 25 октомври рече дека Хамас не е терористичка организација и го откажа планираното патување во Израел, што ги влошува веќе постоечките тензии меѓу Анкара и Ерусалим.

Со пребарување на обратна слика, откривме дека видеото е погрешно опишано. Оригиналното видео беше објавено на YouTube пред десетина години.

На него се гледа беспилотно американско борбено летало кое врши тест за летање и слетување на воен брод.

Во погрешното видео, логото на Си-Ен-Ен беше додадено за да ги измами корисниците на социјалните мрежи да веруваат дека тоа е легитимна вест.

За аудиото, откривме дека е исто така извлечено од вистински вести од WION, канал за вести на индиско-англиски јазик, со уредени некои клучни детали.

Во соопштението, Дирекцијата за комуникации на турското претседателство, исто така, ги негираше наводите изнесени во извештајот за лажни вести.

„Наводите изнесени од различни објави на социјалните мрежи преку снимки на кои се гледа „турски воен брод на пат кон Палестина“ е невистинито“, напиша портпаролот на владата.

Не, Иран не подигна црно знаме како „повик за војна“

Второто вирусно тврдење што го видовме широко споделено на X,  е дека Иран исто така му објави војна на Израел.

Многумина споделија слики од црно знаме кое се вее над златната купола на иранскиот светилиште Имам Реза – свето место за шиитските муслимани лоцирано на североистокот на земјата.

„Ова е повик за војна или одмазда“, рече еден корисник на „блу-тик“ X, познат по ширењето теории на заговор.

„Црното знаме е подигнато над светилиштето на Имам Реза во Иран за прв пат во историјата… Ова ги има сите карактеристики на Третата светска војна“, пишува друг.

Но, по некое копање, излегува дека ова црно знаме не е повик за одмазда или војна. Всушност, на Фејсбук страницата на светилиштето, тоа е опишано како „огнено знаме“ кое беше подигнато како одговор на смртоносната експлозија што ја потресе болницата во Газа на 17 октомври.

И за разлика од она што овие корисници на социјалните мрежи го тврдат, не е прв пат храмот Имам Реза да го подига црното знаме.

Црното знаме се подига секоја година за да се одбележи периодот на жалост за имамот Хусеин, внукот на пророкот Мухамед, јавуваат иранските државни медиуми.

Во април 2023 година, светилиштето го подигна истото црно знаме со цел да го одбележи имамот Али, кој исто така се смета за маченик во шиитскиот ислам.

Извор: Еуроњус

Подготви: А. В. / Нова ТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: израелИранТурција

НАЈНОВО

Кина и Русија го осудија нападот на САД врз нуклеарните објекти на Иран

June 22, 2025

Чупеска: ВМРО-ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето на правото и ги игнорира меѓународните препораки

June 22, 2025

Прес на Пентагон: Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна

June 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk