ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Франција обвинува за фаворизирање на англискиот јазик во ЕУ

October 31, 2023 11:41
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Франција поднесе жалба против Европската Унија пред Општиот суд на ЕУ поради фаворизирање на англискиот пред останатите јазици, објави „Политико“, наведувајќи дека Париз го обвинува блокот дека некои од новите вработувања во европските институции ги врши врз основа на проценки направени само на англиски јазик.

Според бриселскиот портал, реакцијата на Франција следи откако во процесот на селекција при вработувањето на нови службеници поврзани со секторите вселена, одбрана и економија, биле вклучени тестови само на англиски јазик.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Париз смета дека ваквиот пристап ги фаворизира „англофонските кандидати“ пред нивните конкуренти, како и дека тоа претставува дискриминација и прекршување на договорите на ЕУ, кои предвидуваат дека сите граѓани на Унијата треба да имаат рамноправен третман, без разлика на националноста. Дополнително, и правилата за ангажирање на функционери на ЕУ, исто така, забрануваат дискриминација врз основа на јазикот, освен под одредени услови.

– Тоа ги дискриминира кандидатите кои не се англофони, изјави за „Политико“ француски дипломат кој побарал анонимност, нагласувајќи дека ова не е само „француска борба“, бидејќи и другите земји членки споделуваат иста загриженост.

Според друг анонимен дипломат, француската позиција има поддршка и од други членки на ЕУ, пред се од Италија

– Ова не е позиција против одреден јазик, туку во корист на повеќејазичноста, додаде тој.

Во француската жалба до Општиот суд на ЕУ како пример за „дискриминацијата“ се доставени два огласи за вработување на Европската канцеларија за избор на персонал од оваа и од минатата година, во кои некои од тестирањата биле спроведени само на англиски јазик.

Европскиот општ суд, кој е прва судска инстанца во рамки на Судот на правдата на ЕУ за спорови во кои се инволвирани институциите на Унијата, се очекува да донесе одлука по жалбата во рок од една година, но веќе ги поништи двата огласи за вработување кои се основа за покренување на спорот.

Според Договорот за ЕУ, францускиот е еден од 24-те официјални јазици на Унијата, но неформално, заедно со англискиот и германскиот се смета за еден од трите работни јазици на Европската комисија, како и еден од двата говорни јазици на Советот на ЕУ, заедно со англискиот.

Со вкупно 3.271 вработени во ЕК во 2023 година, Французите се трети по бројност во оваа институција на ЕУ, веднаш по Италијанците и Белгијците.

Како што наведува „Политико“ иако употребата на англискиот јазик е нашироко распространета во институциите ЕУ, Франција „никогаш не се откажа од надежта дека бриселската администрација зборува и француски“.

Tags: ЕУјазикФранција
Next Post

Француски медиуми: Полицијата во Париз застрела жена која се заканувала дека ќе детонира бомба

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk