fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Медицинскиот персонал од Онкологија го демантира Мицкоски

November 6, 2023 16:14
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Медицинските сестри од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија – Скопје денеска ги демантираа тврдењата за работењето на клиниката, изнесени на 2 ноември на прес-конференција од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тие ги демантираа тврдењата на Мицкоски дека во амбулантскиот дневник медицинскиот персонал го запишувал остатокот од неискористените лекови, како да е даден на друг пациент, без писмени докази дали лекот навистина е даден или е фрлен.

– Од административен аспект, односно водење евиденција, на сите одделенија и дневните болници, има и уредно, редовно и секојдневно евидентирање на сите работи во амбулантско – хоспитален дневник, архива на требовања, компјутерска проверка во секој момент е достапна и се однесува на салдо во моментот, опијатни тетратки, тетратка на потрошени цитостатици – картици, пишува во денешната реакција.

Погоренаведените евиденции што ги водиме, како што се додава, се достапни за проверка на наделжни органи, како и „со ова, во целост ја демантираме таа изјава“.

Во демантот наведуваат дека сите лекови кои се требуваат од аптека и има остаток од истите, се употребуваат за следни пациенти. Остатокот, како што додаваат не се фрла, со цел заштеда на истите и тој е уредно евидентиран во амбулантски дневник во Одделот за цитостатска терапија – Дневна болница.

Се негира и тврдењето на Мицкоски, како што се истакнува во соопштението во врска со „давањето лекови во торбичка“, како и дека им се давале лекови на пациенти надвор од клиниката.

-Терпијата за пациентите е сериозна работа и се даваат лекови на пациенти надвор од клиниката, односно станува збор за редовна терапија во вид на таблети и ампули, со цел да се аплицираат во матичен медицински центар или со домашна посета, со уредно напишан извештај од лекар. Напоменуваме и појаснуваме дека станува збор за симптоматска терапија, која не е терапија на условен буџет од ФЗОРСМ, туку редовна терапија која се аплицира преку домашна посета или матичен лекар. Со истото финансиски се заштедува на трошокот на пациентот и секојдневно доаѓање на клиниката, се нагласува во демантот.

Апелираат да престанат препукувањата на политичките партии преку Клиниката и да се остави таа да функционира нормално и без какви било притисоци, со цел да се заштити здравјето на пациентите, кои секој ден доаѓаат таму и се лекуваат, како и вработените во истата.

Tags: демантЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија - СкопјеМицкоски

НАЈНОВО

Фото МИА

Три дена не се собира сметот од контејнерите во Тетово-продолжува штрајкот на комуналните работници поради неисплатени плати и придонеси

November 30, 2023

Битиќи: Со новиот пакет на антикризни мерки, бизнисот ќе биде поддржан со над 492 милиони евра

November 30, 2023

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: ЕК побара Специјалните единици да не се носат на северот на Косово за обични задачи; во последните 72 часа уапсени и кривично гонети 72 лица во операцијата „Храм“ во Албанија

November 30, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Пак нè извеслаа: Тие, со антикризни 700 милиони евра за народот, а ние толку дадовме за стиропор во Скопје 2014

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Никој нема да биде оставен сам“, за мене е сосема доволна и важна порака

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им се придружуваат на Левица во фронтот против ЕУ и Албанците во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Косовските пасоши за Србите – прашање на интеграција или избор; Во Звечан уапсен српски државјанин баран од ИНТЕРПОЛ; Рама скептичен за почеток на преговори со ЕУ поради Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk